Македонија
Здружението Плоштад Слобода со перформанс против изгледот на Скопје
Перформативен марш против самоволието на властите за изгледот на Градот Скопје ќе одржи во сабота неформалното здружение Плоштад Слобода.
Перформативен марш против самоволието на властите за изгледот на Градот Скопје ќе одржи во сабота неформалното здружение Плоштад Слобода.
Учесниците со коцки на главата ќе го започнат маршот од плоштадот Македонија, па се до Градското собрание. /макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Последната објава на Игор Југ посветена на ќерка му: Животот ти помина со татко во затвор, а тоа го чека и твојот брат кој наскоро треба да се роди
На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“.
Тој на социјалните мрежи споделил статус преку кој и го честита роденденот на својата ќерка и и порачува дека еден ден таа и брат и ќе разберат што сака да им каже.
„Среќен седми роденден Катерина! Уште од раѓање животот ти помина со татко во затвор! Тоа најверојатно го чека и твојот помал брат, кој наскоро треба да се роди.
Запомни, тоа ви го направија „чичковците“ кои ја водат оваа држава. И претходните и актуелните!!!“, пишува Игор Југ.
Еден ден ти и брат ти ќе разберете што тато сака да ви каже, додава тој.
Скопје
МВР: Проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави
Министерството за внатрешни работи извести дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата, надлежните служби на министерството преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување.
Напоредно со ова се врши и проценка на степенот на загрозувањето во меѓусебна координација на безбедносно-разузнавачките служби, преку формиран оперативен штаб во рамки на Министерството.
Согласно досегашните активности, проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР.
Воедно, Министерството за внатрешни работи повикува и апелира за смиреност во јавноста и воздржување од ширење на дезинформации околу ваквите настани што инаку вчера беа евидентирани и во други земји во регионот.
Македонија
Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“
На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“.
Тој беше осуден на 12-години затвор, а последниве осум ги помина зад решетки. Беше на прекин од издржување на казната поради влошената здравствена состојба.