Македонија
Експлозија на полигонот Криволак – еден потешко повреден
Едно лице се здобило со тешки телесни повреди при експлозија во Армискиот полигон „Криволак“, што се случила во петокот околу 16 часот, соопшти во сабота министерството за одбрана
Едно лице се здобило со тешки телесни повреди при експлозија во Армискиот полигон „Криволак“, што се случила во петокот околу 16 часот, соопшти во сабота министерството за одбрана.
Лицето Ф.Ј. заради сериозноста на повредите е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје, од каде засега не даваат информации за неговата состојба.
Инцидентот, како што се наведува, се случил откако тројца жители на селото Криволак неовластено влегле на армискиот полигон во секторот број 3 „Џидимирци“ и дошло до активирање на неексплодирана експлозивна направа.
По пријавување на случајот од страна на едно од лицата кои влегле неовластено на воениот полигон, од страна на дежурните органи на гарнизонот Криволак известени се органите на Дежурната служба на Воената полиција и стручни органи на Полициската станица од Неготино, кои извршиле увид на местото на несреќата.
Од Министерството за одбрана велат дека веднаш е преземена истрага чии резултати ќе и’ бидат презентирани во јавноста во текот на денот./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

