Македонија
Сечење бадникови гранчиња
Традиционалното сечење бадникови гранчиња во месноста краста на јужните падини на Водно се одржува во недела во Скопје.
Традиционалното сечење бадникови гранчиња во месноста краста на јужните падини на Водно се одржува во недела во Скопје.
Одборот за прослава на Бадник ги покани сите граѓани да учествуваат на сечењето бадникови гранчиња во месноста Краста.
Осветените гранчиња ќе им бидат поделени на граѓаните на централното празнување на Бадник на 6 јануари 2010 година пред Соборниот храм во Скопје.
Кум на бадникарското чествување годинава е доктор Јовица Угриновски, а здравичар на прославата е писателот и драмски автор Братислав Димитров.
Годинава Бадник ќе се прославува по 18. пат. Свеченоста ќе започне во 9,30 часот со бадникарската химна и кревањето на бадникарското знаме, по што ќе се осветуваат бадниковите гранчиња и нафората, кои заедно со чај и топла ракија ќе се делат на верниците.
Главниот дел од прославата е примопредавањето на преодниот ќуп од стариот кум, групата „Синтезис“ на новиот кум Јовица Угриновски. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претпладне услови за магла, преку денот сончево со умерена локална облачност
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра. Во текот на денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.
Македонија
Несреќа на магистралниот пат кај село Дабиле, Струмица: сообраќајот во прекин
Од 02:15 часот сообраќајот на магистрален пат А4 кај село Дабиле Струмица е во прекин поради случена сообраќајна незгода, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Коцевски: Ако градоначалникот Ѓорѓиевски има докази за злоупотреби во јавните претпријатија нека пријави
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија, е надлежен тоа да го пријави во Министерството за внатрешни работи или во Јавното обвинителство.
„Во однос на изјавите на градоначалникот, ќе кажам дека тој како градоначалник, доколку има докази и е надлежен, тоа може да го пријави на надлежните органи – МВР, и да ги достави тие документи евентуално во Јавното обвинителство. И досега Обвинителството така постапувало, што значи дека ќе постапува и натаму. Ако има злоупотреби, стоиме на располагање“, изјави Коцевски.
Градоначалникот Ѓорѓиевски претходно на социјалните мрежи објави дека во скопските јавни претпријатија се отпуштени 500 лица кои со месеци или години не доаѓале на работа, и дека нема да има толеранција за такви случаи.
Дополнително во телевизиско гостување, Ѓорѓиевски објасни дека до него пристигнале документи кои укажуваат на можни незаконитости во работењето на повеќе претпријатија.

