Македонија
Јавно наддавање за закуп на плажи во Струга
Министерството за транспорт и врски соопшти дека распишало објава за јавно наддавање под краткотраен закуп на девет плажи во општина Струга, со почетна цена од 55,00 денари по метар квадратен, пресметана како годишна закупнина
Министерството за транспорт и врски соопшти дека распишало објава за јавно наддавање под краткотраен закуп на девет плажи во општина Струга, со почетна цена од 55,00 денари по метар квадратен, пресметана како годишна закупнина
Рокот за доставување на пријавите за учество е 29.01.2010 година, а јавното наддавање ќе се одржи на 10.02.2010 година.
Закупецот е должен да овозможи слободен влез за посетителите т.е да не се наплаќа надоместок за плажата, да прибави фискална каса, да достави доказ за лица во работен однос и соодветни дозволи за обавување на дејноста согласно урбанистичко – техничката документација.
Од страна на закупецот потребно е постојната и планираната песочна површина да се уреди во соодветна градежна рамка, да се изнивелира и попесочи со соодветен автохтон песок, постојното зеленило максимално да се почитува и дооформи со автохтони видови, хортикултурно и партерно да се уреди.
Сервисниот пункт е потребно да содржи минимум 2 тушеви и санитарни јазли, соблекувални, прирачна остава за чадори, лежалки и други реквизити.
Задолжително е закупецот да обезбеди служба за спасување, а исто така и да се постават информативни паноа, безжичен интернет и други погодности за забавен престој. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претпладне услови за магла, преку денот сончево со умерена локална облачност
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра. Во текот на денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.
Македонија
Несреќа на магистралниот пат кај село Дабиле, Струмица: сообраќајот во прекин
Од 02:15 часот сообраќајот на магистрален пат А4 кај село Дабиле Струмица е во прекин поради случена сообраќајна незгода, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Коцевски: Ако градоначалникот Ѓорѓиевски има докази за злоупотреби во јавните претпријатија нека пријави
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија, е надлежен тоа да го пријави во Министерството за внатрешни работи или во Јавното обвинителство.
„Во однос на изјавите на градоначалникот, ќе кажам дека тој како градоначалник, доколку има докази и е надлежен, тоа може да го пријави на надлежните органи – МВР, и да ги достави тие документи евентуално во Јавното обвинителство. И досега Обвинителството така постапувало, што значи дека ќе постапува и натаму. Ако има злоупотреби, стоиме на располагање“, изјави Коцевски.
Градоначалникот Ѓорѓиевски претходно на социјалните мрежи објави дека во скопските јавни претпријатија се отпуштени 500 лица кои со месеци или години не доаѓале на работа, и дека нема да има толеранција за такви случаи.
Дополнително во телевизиско гостување, Ѓорѓиевски објасни дека до него пристигнале документи кои укажуваат на можни незаконитости во работењето на повеќе претпријатија.

