Македонија
Угриновски и Димитров ги исекоа првите бадникови гранчиња
Традиционално по 18-ти пат, на падините на Водно, во недела свечено се одбележа сечењето на бадниковите гранчиња.
Традиционално по 18-ти пат, на падините на Водно, во недела свечено се одбележа сечењето на бадниковите гранчиња. Со бадниково оро и топла ракија годинашниот кум Јовица Угриновски и здравичарот Братислав Димитров ги исекоа првите гранки во месноста Краста во Сопиште.
Угриновски и Димитров велат дека се горди што годинава се првите луѓе во организацијата .
„ Чест и задоволство што сум овде на оваа традиција, се надевам дека оваа ова ќе трае со векови “изјави Угриновски„Ова за мене е исклучителна чест, за мене ова е еден од најубавите празници, се потсеќаме на детството. Да направиме сите заедно оваа традиција да продолжи и во иднина“, рече здравичарот Димитров
Осветувањето на бадниковите гранчиња и нафората ќе го изврши прота Коста Станојковски во 9,30 часот и со бадникарската химна и кревање на бадникарското знаме, ќе се подели на верниците.
Бадниковото гранче го симболизира дрвото во рајот, дрвото каде што бил распнат Исус Христос и вечноста.
На свеченоста присуствуваа и голем број на јавни личности, екипата на К-15, градоначалниците на Скопје Коце Трајановски, на Сопиште Јован Ѓоргиевски и на Центар Владимир Тодоровиќ како и минатогодишните кумови групата Синтезис./крај/рќ/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претпладне услови за магла, преку денот сончево со умерена локална облачност
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра. Во текот на денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.
Македонија
Несреќа на магистралниот пат кај село Дабиле, Струмица: сообраќајот во прекин
Од 02:15 часот сообраќајот на магистрален пат А4 кај село Дабиле Струмица е во прекин поради случена сообраќајна незгода, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Коцевски: Ако градоначалникот Ѓорѓиевски има докази за злоупотреби во јавните претпријатија нека пријави
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија, е надлежен тоа да го пријави во Министерството за внатрешни работи или во Јавното обвинителство.
„Во однос на изјавите на градоначалникот, ќе кажам дека тој како градоначалник, доколку има докази и е надлежен, тоа може да го пријави на надлежните органи – МВР, и да ги достави тие документи евентуално во Јавното обвинителство. И досега Обвинителството така постапувало, што значи дека ќе постапува и натаму. Ако има злоупотреби, стоиме на располагање“, изјави Коцевски.
Градоначалникот Ѓорѓиевски претходно на социјалните мрежи објави дека во скопските јавни претпријатија се отпуштени 500 лица кои со месеци или години не доаѓале на работа, и дека нема да има толеранција за такви случаи.
Дополнително во телевизиско гостување, Ѓорѓиевски објасни дека до него пристигнале документи кои укажуваат на можни незаконитости во работењето на повеќе претпријатија.

