Македонија
Доделени 500 стипендии на млaдите надежни спортисти
“Секој спортист по и пред победата треба да биде мотивиран. Владата на РМ со проектот “Спортски надежи” ги мотивира и поттикнува сите млади спортисти
“Секој спортист по и пред победата треба да биде мотивиран. Владата на РМ со проектот “Спортски надежи” ги мотивира и поттикнува сите млади спортисти да остваруваат добри резултати”, изјави премиерот Никола Груевски на свеченото доделување на 500 спортските стипендии.
“Овој проект е традиција која и понатаму ќе се развива. Спортот е она што не презентира во светот, a младите луѓе се нашата спортска надеж, изјави Драган Ѓурчев директор на агенцијата за млади и спорт.
Спортските стипендии им беа доделени на младите спортисти до 20 годишна возраст. Секој стипендист до крајот на наредната година ќе добива по 4000 денари месечно./крај/бк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши-Спиропали: Албанија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во европските процеси со до конечно надминување на сите потешкотии
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали.
Гаши констатираше дека двете држави градат одлични билтерални односи, со интензивен политички дијалог и соработка во значителен број области од заемен интерес. Тој истакна дека се радува на прогресот што Албанија го има при процесот на приближување кон Европската унија и отворање на сите преговарачки кластери согласно новата методологија на ЕУ.
Спиропали истакна дека иако Албанија веќе преговара за членство во Европската Унија, смета дека и останатите држави од Западниот Балкан треба да ја следат и процесот на проширивање треба да продолжи затоа што носи голема трансформација во сите општества на земјите во регионот. Албанија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во европските процеси со до конечно надминување на сите потешкотии што се појавуваат на европскиот пат.
Двајцата соговорници се согласија дека зачленувањето во Европската унија носи големи придобивки за граѓаните на земјите од Западниот Балкан затоа што процесот е реформски и потребно е да се имплементираат домашни задачи, како што е борбата против корупцијата и реформи во правосудните системи.
Македонија
Гаши – Јиан: Билатералните односи со Кина во духот на меѓусебно разбирање, почитување и конструктивна соработка
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари средба со Ли Јиан, генерален директор за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Народна Република Кина.
Посакувајќи му добредојде во законодавниот дом од името на пратениците, претседателот Гаши истакна дека и покрај географската оддалеченост, билатералните односи остануваат срдечни и продолжуваат да се развиваат во духот на меѓусебно разбирање, почитување и конструктивна соработка.
Тој ја повтори посветеноста на државата на принципот на „Една Кина“, односно признавањето на Владата на Народна Република Кина како единствена легитимна влада на кинескиот народ и признавањето на Тајван како неотуѓив дел од кинеската територија.
Понатаму, претседателот Гаши информираше дека парламентарното мнозинство останува цврсто фокусирано на реализација на клучните стратешки цели кои се непроменети од нашето осамостојување, односно напредок кон отворање на преговори за полноправно членство во Европската Унија.
Двајцата соговорници се сложија дека иако соработката на билатерално ниво дава опипливи резултати во широк спектар на сектори – има простор за продлабочување на односите во областа на туризмот, културата и трговската размена. Беше нагласен и континуираниот придонес на Кинеската амбасада во Скопје за развојот и унапредувањето на односите меѓу двете држави.
Исто така, беше потенцирано дека Пратеничката група за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, која се формира во Собранието во сите досегашни мандати, е форум за воспоставување, негување и продлабочување на потесни меѓупарламентарни врски и размена на мислења за сите аспекти на законодавната работа меѓу меѓу двете држави.
Генералниот директор за европски прашања му врачи на претстедателот Гаши честитка од неговиот хомолог, Џао Леџи, претседател на Постојаниот комитет на Секинескиот народен конгрес.
Македонија
Пуштена за сообраќај клучката на автопатот Охрид-Кичево, кај селото Подмољје
СВР Охрид ја известува јавноста дека од денеска, во редовен сообраќај е пуштен сообраќајниот крак-клучката на автопатската делница Охрид-Кичево, кај селото Подмољје, општина Дебрца.
Со тоа, воспоставен е нормален сообраќај во правецот Охрид-Кичево-Скопје, Охрид-Струга , Струга-Кичево-Скопје и Струга-Охрид и истата е во редовна функција без дополнителни сообраќајни ограничувања.
„Апелираме до возачите на патнички и други моторни возила, при користење на овој сообраќаен крак како и на целата автопатска траса, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи како и и другата поставена хоризонтална и вертикална сигнализација и со тоа, да придонесат за зачувување на сообраќајната безбедност“, велат од СВР Охрид.

