Македонија
Заврши вежбата за спасување „Попова Шапка 09’
Завршната тренинг вежбата на силите за заштита и спасување за спасување на планина „Попова шапка 09“, се одржа во недела во организација на Дирекцијата за заштита и спасување
Завршната тренинг вежбата на силите за заштита и спасување за спасување на планина „Попова шапка 09“, се одржа во недела во организација на Дирекцијата за заштита и спасување
Вежбата траеше од 23 – 27 декември 2009 година во спортскиот центар Попова Шапка а учествуваа 40 припадници на тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување од Тетово и Битола a се увежбуваа и нови членови на тимовите за спасување во планински услови.
Целта на вежбата е запознавање со основите на техниките на движење во зимски услови, тактика на спасување од лавини, процедурите при употреба на тимовите за брз одговор и санирање на последиците и укажување на прва медицинска помош.
Директорот на Дирекцијата Шабан Салиу на членовите кои успешно ги завршија вежбовните активности им додели сертификати за спасување во планински услови./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петрушевски: Пеце Мирчевски го оштетил буџетот на СОЗР за 29.000 евра, се пишувал и како новинар за да патува во Бугарија
„Пеце Мирчевски потрошил десетици илјади евра службени пари за патувања, авио билети и сместувања, кои не биле службени, туку приватни. Пеце Мирчевски го оштетил буџетот на СОЗР за 29.000 евра, само потпишувајќи неосновани решенија за резервации на хотели, авионски билети и службени патувања кои не биле оправдани“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Во периодот од 1 јануари 2022 година до 13 јуни 2024 година, Пеце Мирчевски во повеќе наврати потпишувал решенија за резервации на хотели, како и авио-билети за патувања во странство, со образложение дека се работи за службени потреби, иако во реалноста тие патувања не биле поврзани со неговата функција. На овој начин, тој го оштетил буџетот на СОЗР за 29.000 евра“, истакнува Петрушевски и додава:
„Пеце Мирчевски одел до таму што се пишувал и како новинар, за да патува во Бугарија, за каде патот и смештајот му е платен како на новинар. Аздисаноста за шетање на државен трошок од приватен карактер ја чинеле државата и пари и углед. Одговорност има“.
Македонија
(Видео) „Возел пијан, без возачка, направил сообраќајна незгода – оставка од пратеникот Сергеј Попов“, бараат од СДММ
„Додека младите во Македонија протестираат, бараат правда и безбедност на улиците, се објави голем скандал кој го покажа вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ. Сергеј Попов, актуелен пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, во 2014 година возел пијан, без возачка дозвола и предизвикал сообраќајка во која повредил жена!“, вели Трајче Стојчевски – претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.
„Поради ова е осуден за тешко кривично дело – возење без дозвола, под дејство на алкохол и предизвикување тешка сообраќајна несреќа. Вакво неморално однесување е во суштина идентично како однесувањето на сторителот на сообраќајката на младата Фросина.
Сто тоа што убиецот на Фросина е во затвор, а Сергеј Попов е пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Ете какво е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, сосема спротивно на се што младите сакаат и за што се борат и залагаат.
После ова ниту Попов ниту ДПМНЕ немаат право јавно да ги повикуваат младите, ниту на протести ниту да ветуваат промени. Не може осуден за несовесно возење без положен возачки испит, за возење под дејство на алкохол и за предизвикување сообраќајна несреќа, да зборува за правда и системски реформи.
Заради таквите како него младите се незадоволни и се на улиците.
Сергеј Попов е дел од системот што убива и мора да понесе одговорност, да си даде неотповиклива оставка од функцијата пратеник и оставка од функцијата претседател на вмровската УМС.
Младите заслужуваат одговорни и чесни претставници без скандали и кривични пријави зад себе“, изјави Трајче Стојчевски – претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.
Македонија
Јаневска за дојавите за бомби: Апелираме до наставниците за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси креирани од МОН
Апелираме до наставниците и другите вработени во училиштата за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси што се креирани од МОН и со двојна автентикација. Препорачуваме секаде во учичиштата, во согласност со можностите, да биде ангажирано физичко обезбедување и да се постави видеонадзор. Самите училишта да бидат претпазливи кој и како влегува во објектите, изјави министерката за образование Весна јаневкса на денешната прес-конференција.
„По дојавите за поставување експлозивни направи во основни и средни уличишта во државата, утрово, во координација со повеќе институции формиравме меѓуресорска група за поефикасно справување со ситуацијата и секако преземање мерки за одржување на безбедноста во училишните објекти на соодветно ниво“, посочи Јаневска и додаде дека, како што е веќе соопштено, сите дојави се лажни.
„Направени се проверки во училишните објекти, а учениците се вратени на настава. Им благодарам на полицијата и на сите други служби за посветеноста и брзата интервенција кон најмладите и истовремено жалам што некој се поигрува со нашите деца и ја вознемирува јавноста. Училиштата во случај на понатамошни дојави за експлозивни направи треба веднаш да пријават во МВР и да ги следат упатствата и протоколите што ќе ги добијат од стручните лица од Министерството“, истакнува Јаневска.
Денеска, на службените имејлови на повеќе образовни установи во Скопје и во други градови во државата добиени се дојави за поставени експлозивни направи, соопштија од МВР и најавија повеќе информации за текот на денот.