Македонија
Аќимовски сменет од морално-политички причини
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/1fcbb7b6-ab3f-49f0-94c5-382f2a3acfa2.jpeg)
Владата нема дадено наредба пред изборите инспекторите од Државниот пазарен инспекторат да не ги затвораат објектите.
Владата нема дадено наредба пред изборите инспекторите од Државниот пазарен инспекторат да не ги затвораат објектите. Ова во среда го изјави премиерот Никола Груевски, коментирајќи ја смената на директорот на Државниот пазарен инспекторат Сашо Аќимовски. Според Груевски, Аќимовски е сменет од морално-политички причини, со цел да не се руши кредибилитетот на институцијата во која што беше на раководно место. „Не тврдиме дека тој е виновен, оти за тоа немаме докази. Го сменивме затоа што сметавме оти неговото понатамошно останување на функција ќе биде злоупотребувано“, рече Груевски. /крај/ст
Фото:Филип Поповски/Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Попов: Грешката беше важна лекција во мојот живот, не можам да го сменам минатото, но можам да ја обликувам иднината
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-07-143346.jpg)
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов се огласи по барањата од дел од опозициските партии за негова оставка од пратеничката функција порафи фактот дека пред 10 години добил осудителна пресуда за предизвикување на сообраќајна несреќа
Во контекст на обвинувањата кои произлегуваат од кујните на СДС, Левица и ним блиските полуги, а кои упатуваат на брутално злоупотребување и пооигрување со лични судбини, притоа надополнети со лаги и неточни информации, би сакал да ги изразам своите мисли и да го поделам моето гледиште за ситуацијата, пишува на социјалните мрежи Попов откако од страна на Социјалдемократската младина на Македонија беше истакнато дека актуелниот пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, во 2014 година возел пијан, без возачка дозвола и предизвикал сообраќајка во која повредил жена.
„Точно е дека пред 11 години, кога бев на 18-годишна возраст, направив грешка која, за жал, имаше последици. Бев осуден за тоа и целосно ги прифатив последиците од моите дејства. Беше многу тежок период за мене и за моите најблиски. Во меѓувреме, ги исплатив сите штети кон лицата кои беа засегнати од моето недолично однесување. Таа грешка беше не само за мене, туку и за сите околу мене, и беше навистина важна лекција во мојот живот.
Мора да нагласам дека, по таа случка, никогаш повеќе во животот не сум возел. Никогаш не сум повторил никакво слично дејство, и дури и денес, по 11 години, не сум положил за возачка дозвола, затоа што сметам дека на безбедноста на патиштата треба да се гледа со најголема сериозност и одговорност.
Така што, кога се зборува за тоа дека наводно сум прегазил жена на улица, би сакал да ја исправам оваа теза. Случајот во кој беше вмешано моето име не беше таков. Се случи сообраќајна несреќа, судар со друго возило, кој резултираше со повреда на жена која се возела во другото возило. Оваа ситуација нема никаква врска со наводните изјави и не може да биде поистоветена со трагедијата која ја доживеа Фросина. Не постојат никакви сличности помеѓу мојата ситуација и тоа што се случи со неа.
Верувам дека целта на луѓето кои ги шират овие обвиненија не е вистински да ги истражат фактите и да го прикажат вистинскиот развој на настаните, туку се обидуваат да создадат изговори за политички поени и манипулации во овие сензитивни моменти. Ова е неприфатливо и не е фер во однос на мојата личност, која веќе се соочила со последиците од своите грешки и се труди да биде одговорна, да ги поправи своите дејства и да направи добро за општеството.
Од таа моја грешка до денес поминаа 11 години, или 132 месеци, или 4015 денови, а јас извлеков поука. Од овие години 7 имаа СДС и нивните ортаци од шарената револуција Левица. Можеа да го преиспитаат случајот или да покренат нов. Но се е јасно и вистината е таа. Останува само горкото чуство дека лешинарски се обидуваат да поентираат во отсуство над други теми и автентична политика. Жалам што така ја сфаќаат политиката и уште повеќе жалам што ги злоупотребуваат ваквите судбини.
Не можам да го сменам минатото, но можам да ја обликувам иднината. И токму затоа се залагам за транспарентност и вистинска правда, бидејќи само на тој начин може да се донесат прави одлуки и да се изгради едно пофер општество“, пишува Попов.
Македонија
Над 240 лажни дојави за поставени бомби, безбедноста е стабилна, вели директорот на БЈБ Александар Јанев
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/5-5.jpg)
Директорот на БЈБ, Александар Јанев информираше дека денес се добиени 240 дојави за бомби.
„Контактирано е со партнерите од Интерпол и Европол и има одредени траги. Контактирано е со Хрватска и Унгарија каде во последниот период се соочиле со слични закани“, истакна Јанев.
Тој не сподели информации од каде доаѓаат заканите само кажа дека целта е да се предизвика паника.
„Училиштата од денеска ќе добијат јасни инструкции што понатаму ќе се прави во иднина доколку се сторат ваквите настани. Директорите на училиштата постапија согласно протоколите. Македонската полиција и сите агенции за спроведување на законот покажаа јасна и одлучна борба против сите видови на криминал. Немаме дојава за криминал, каде што не сме одговориле или постапиле. Фокусот е да ги обезбедиме граѓаните од безбедносен аспект, но и од криминалот. Сите денешни дојави беа лажни“, рече Јанев.
Денеска прес-конференција имаше и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која потврди дека проверките на Министерството за внатрешни работи покажале дека дојавите за бомби дека се лажни.
Македонија
Мицкоски: Реконструкцијата на студентските домови „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ ќе заврши до 2026 година
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/11/15112024_MICKOSKI.jpg)
Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарското прашање во врска со текот на реконструкцијата на студентските домови во Скопје, кои имаат значаен придонес за подобрување на студентскиот стандард, информираше дека во тек е реконструкција на два студентски дома, „Кузман Јосифовски-Питу“ и студентскиот дом „Стив Наумов“, за кои се очекува за година и половина од денеска или до 2026 година да биде завршена.
„Во тек е реконструкција на два студентски дома, проектот е вреден 17 милиони евра. Тоа е студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ и студентскиот дом „Стив Наумов“. Таму се менува комплетно инсталацијата, фасадите, арматурата, начинот на затоплување и ладење, се монтираат сончеви панели, енергетски ефикасни објекти.
И навистина, за година и половина од денеска очекувам, или кон крајот, еве да речеме на 2026 година, да имаме два навистина репрезентативни објекти, во коишто студентите ќе можат да живеат, да учат, да напредуваат и да го стекнуваат и разменуваат своето знаење“, објасни премиерот.