Македонија
Рефет Елмази си замина од ДПА

Најблискиот соработник на претседателот на Демократската Партија на Албанците (ДПА) Рефет Елмази даде оставка од сите партиски надлежности.
Најблискиот соработник на претседателот на Демократската Партија на Албанците (ДПА) Рефет Елмази даде оставка од сите партиски надлежности. Елмази оставката директно му ја врачил на претседателот на партијата Мендух Тачи. Како што изјави за порталот „Журнал“ портпаролот на ДПА Адријатик Имери оставката е дадена поради лични причини. Тој притоа одбива да прецизира дали Елмази целосно се повлекува од политичкиот живот или ќе премине во друга партија./крај/рќ/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне услови за краткотраен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.
Во Скопје, сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно, топло и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на краткотрајно невреме.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.30 часот, објектите на фирмите Сојуз на Здружение на Возачи и Елмиго, корисниците од улиците Драчевска, Андреја Петковиќ, Славка Динкова, Гандиева, Ниже Планина, Јакупица, Атанас Разлов и корисниците од околните стопански и нестопански објекти, општина Кисела Вода, како и корисниците од ул. Иван Цакар – поголем број од парните броеви, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Кривична против 38-годишниот скопјанец кој ја уби својата невенчана сопруга

СВР Скопје го расчисти убиството кое на 3 мај, околу 15 часот во скопската населба Шуто Орузари го изврши 38-годишниот Н.А. од Скопје, кој што при семејна расправија со нож ја лишил од живот својата невенчана сопруга Р.А. (36) од Скопје. Откако ја убил Р.А., сторителот се дал во бегство, но по преземени мерки и активности, тој е лишен од слобода при обид да ја помине државната граница на ГП Табановце.
На местото на настанот е извршен увид во присуство на Јавен обвинител и обдуценти од Институтот за судска медицина и криминалистика, по што телото на починатата е пренесено на ИСМК за обдукција. Дополнително, утврден е идентитетот на Д.С. (32), кој му помогнал на сторителот и го превезол до ГП Табановце, а му помогнал и да ја фрли облеката што сторителот ја носел во време на извршувањето на кривичното дело, која потоа од страна на полициските службеници е пронајдена и подигната за вештачење, а Д.С. е лишен од слобода.
Исто така, пронајден е и ножот со кој сторителот го извршил кривичното дело.
По обезбедување на доказниот материјал, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава во итна постапка против Н.А. за кривично дело “Убиство” по чл. 123 ст.2 т.2 од КЗ и против Д.С.за кривично дело “Помагање на сторител по извршено кривично дело” по чл. 365 ст. 3 од КЗ.