Македонија
Папандреу: Грција сака спорот со името да биде решен
„Грција сака дефинитивно прашањето со името на ПЈРМ да биде разрешен, а нашиот став и нашата национална црвена линија се јасни“. Ова во интервју за весникот „Вечерње Новости“ го изјави грчкиот премиер Јоргос Папандреу, кој во понеделникот допатува во официјална посета на Србија.
„Грција сака дефинитивно прашањето со името на ПЈРМ да биде разрешен, а нашиот став и нашата национална црвена линија се јасни“.
Ова во интервју за весникот „Вечерње Новости“ го изјави грчкиот премиер Јоргос Папандреу, кој во понеделникот допатува во официјална посета на Србија.
„Презедовме важен чекор истакнувајќи дека ќе прифатиме име со географска одредница и очекуваме нашиот сосед да стори нешто слично, за да се најдеме на половина пат“, рече Папандреу.
Според него постојат две варијанти, „или ќе пронајдеме взаемно прифатливо решение во духот на блиска соработка, или ќе продолжиме да го обновуваме проблемот со заземање на екстремни ставови и правејќи ја националистичката и понекогаш и иредентистичка реторика наша секојдневна политичка храна.
Папандреу во интервјуто за „Вечерње Новости“ ја образложува и грчката иницијатива, според која западнот Балкан би требало во 2014 година да стане дел до европското семејство.
„Грција сака да биде моторна сила на европските интеграции во регионот. Покрај поддржувањето во напорите на нашите соседи да ги задоволат европските критериуми, ќе ги потсетуваме нашите партнери дека во ЕУ дека наша одговорност е овој голем мировен проект да го прошириме во земјите на југоисточна Европа“, рече Папандреу./крај/вн/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

