Македонија
ВМРО – Народна: Во Букурешт, Македонија беше на пола пат во преговорите
Македонија, во Букурешт, за прв пат беше на половина пат во преговорите со Грција и тогашната опозиција и позиција заминаа со единствен став, Република Македонија (Скопје).
Македонија, во Букурешт, за прв пат беше на половина пат во преговорите со Грција и тогашната опозиција и позиција заминаа со единствен став, Република Македонија (Скопје).
Ова го изјави Марјан Додовски, претседател на ВМРО – Народна партија на денешната прес – конференција, одговарајќи на новинарско прашање како ја коментираат вчерашната порака на грчкиот премиер Јоргос Папандреу во однос на спорот меѓу Македонија и Грција.
За ВМРО – Народна, Република Македонија (Скопје) е апсолутно неприфатливо решение и за нив нема преговарање за идентитетот и јазикот. За вчерашниот став на грчкиот премиер Јоргос Папандреу, тие очекуваат одговор од премиерот Никола Груевски.
ВМРО – Народна партија во вторник уште еднаш ја повика владата да ја прифати нивната иницијатива за враќање на моштите на првиот претседател на ВМРО, Христо Татарчев од Торино во Македонија.
„Денес на денот на 58 години од смртта на првиот претседател на ВМРО, уште еднаш сакаме да му оддадеме почит на Христо Татарчев, а воедно и да ја потсетиме Владата за иницијативата“ рече Марјан Додовски, претседател на ВМРО – Народна./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

