Македонија
Пауновски: Ускратено ми е правото на соодветна одбрана
Неправилност во постапката, селекција на доказите и на сведоците се главните аргументи со кои поранешниот министер за одбрана Љубен Пауновски ќе докажува дека досудената затворска казна против него е невалидна.
Неправилност во постапката, селекција на доказите и на сведоците се главните аргументи со кои поранешниот министер за одбрана Љубен Пауновски ќе докажува дека досудената затворска казна против него е невалидна. Пауновски цитираше став на министерот за правда, Михајло Маневски, според кој, постапката што се водела против него е невалидна, поради неможноста одбраната да презентира докази во судскиот процес, ненаправеното вештачење на фирмата преку која одела набавката и поради селективност во изборот на сведоците. Пауновски тврди дека фирмата „ХС Компани“ преку која се вршела набавката на храна за АРМ, воопшто не била во сопственост на негови роднини, туку на извесен Зоран Симоновски, за кој тврди дека од 2001-ва се наоѓа во САД. Прашува зошто на неколку наврати му се одбивани претставки до Републичкиот Судски Совет. „На сите мои претставки до РСС, каде три години е член министерот Маневски добивав одговор дека тие не се надлежни за мојот случај“, изјави Пауновски во понеделник на прес-конференција пред Министерството за правда. Тврди дека е жртва на хајка и дека не е единствен таков случај. „Доколку сите онеправдани на ваков начин излезат на мирен протест пред Министерството за правда, сообраќајот ќе биде блокиран до Бит-Пазар“, вели Пауновски. Како дополнителен аргумент, поранешниот министер за одбрана презентираше документи, според кои, фирмата „ХС Компани“ не била во сопственост на негови роднини и дека набавените прехрамбени артикли за потребите на АРМ биле хемиско – бактериолошко исправни. Неговиот адвокат Драган Коровешовски најави барање за повторување на постапката. „Се надеваме дека судот правилно ќе постапи во овој случај и ќе даде можност тие прашања да бидат разгледани и се надеваме дека во една законска и фер постапка случајот повторно ќе биде отворен“, вели Коровешовски. Ексминистерот Пауновски беше осуден на три и пол годишна казна затвор за злоупотреби, односно поради тоа што дозволил фирма зад која стоеле неговиот дедо и баџанак да се изврши набавки на храна за потребите на АРМ. Зад него застана и Хелсиншкиот комитет за заштита на човековите права. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

