Македонија
Тодоров:Одлуката за описменување на македонски јазик е законска

Одлука за описменување на учениците од другите националности на македонски јазик е законска и сметам дека нема основ за поведување на постапка ниту за превземање на конкретни активности од страна на Уставниот суд .
Одлука за описменување на учениците од другите националности на македонски јазик е законска и сметам дека нема основ за поведување на постапка ниту за превземање на конкретни активности од страна на Уставниот суд .
Ова во петокот го изјави македонскиот министер за образование Никола Тодоров, додавајќи дека описменувањето ќе започне од четвртото одделение и ќе се спроведува од страна на оделенскиот наставник.
Начинот на изучување на македонскиот јазик ќе биде со соопштување и читање на македонски од страна на професорот, со што ќе им се овозможи на учениците од сите националности да се запознаат со фонетиката на македонскиот јазик”, одговори Тодоров на новинарското прашање во врска со поднесената граѓанска иницијатива до Уставниот суд од страна на група невладини организации.
Тој додаде дека законот за основното образование не е сменет, само е донесено решение со кое одлучено е македонското описменување на учениците од другите националности да започне од четврто одделение во второто полугодие.
“Сметам дека бојкотот на средношколците и основците нема да го реши проблемот. Учениците ќе бидат само политички искористени. Вчерашната посета на градоначалниците ми овозможи да им кажам да го искористат својот авторитет и да не дозволат да се случат протести”, изјави Тодоров. /крај/бк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Побаран притвор за четири лица во врска со пожарот во Трубарево

Скопското Обвинителство поведе постапка против четири лица поради сомнение за загрозување на животната средина и природата со отпад, во врска со пожарот што избувна во Трубарево, а за кои од судија на претходна постапка вечерва ќе побара определување мерка краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази.
Станува збор за 56-годишен управител и сопственик на две фирми, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишен раководител на подружница и 59-годишен вработен во правно лице. Воедно се испитува потенцијалната одговорност и на други лица.
Во текот на денот јавниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање докази, по кои сè уште постапуваат надлежните органи. Се очекуваат и резултатите од мерењата на загадувањето што ги спроведува Министерството за животна средина.
Македонија
Се користи специјална пена врз песокта за да се доизгасне чадењето во Трубарево

Од опожарениот простор во Трубарево моментално има слабо чадење само од неколку места кои веќе се затрупани, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Како што истакна, врз песочната покривка се фрла специјална пена со цел целосно сопирање на чадењето и спречување на повторна појава на пожар.
Македонија
Чадењето од Дрисла значително намалено, останува да се догасне третина од површината

Чадењето од депонијата Дрисла е значително намалено, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Kaко што рече, изработен е дополнителен земјен пат со кој е отсечен ѕидот на депонијата од заезерената површина со отпадни води полни со запаливи гасови. Овој дел сè уште чадe, но во многу помал обем во споредба со првиот ден од пожарот.
Затрупувањето продолжува и утре, најавува Ангелов, а преостаната е помалку од третина од почетно опожарената површина.