Контакт

Македонија

УЈП отвара даночен шалтер во Гази Баба

Објавено пред

Управата за јавни приходи(УЈП) денеска ќе отвори даночен шалтер наменет за жителите на скопската населба Гази Баба.

dobivaj vesti na viber

Управата за јавни приходи(УЈП) денеска ќе отвори даночен шалтер наменет за жителите на скопската населба Гази Баба.Со отворањето на шалтерот услугите на УЈП, ќе станат подостапни за граѓаните, а правните и физичките лица ќе можат да ги подмируваат своите обврски кон државата поблиску до своето место на живеење.Се очекува на отворањето да присуствуваат управителката на Регионалната Дирекција-Скопје, Елена Јанева Димова како и раководителот на секторот за даночни обврзници, Мухедин Авдиќ.На отворањето ќе присуствува и градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски како и преставници на локалната самоуправа./крај/со/вм



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Крушево пуштен во двата правци

Објавено пред

Во 09:30 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Крушево е пуштен во двата правци, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Денеска, како што претходно информираше АМСМ, во 08.50 часот започна ненајавен јавен собир на регионалниот пат Прилеп-Крушево кај село Врбјани.

Граѓани протестираа поради изведување на градежни работи на патот со кои треба да се руши мост поради што во овој период ќе им се отежни работата на земјоделците, а сообраќајот беше блокиран во двата правци.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДОМ: Укинувањето на членот 62-а од Законот за градење отвора прашања за начинот на заштита на правата на граѓаните во иднина

Објавено пред

„ДОМ со загриженост го следи начинот на решавање на предизвиците во областа на градежништвото. Неодамнешното укинување на членот 62-а од Законот за градење може да послужи како пример зошто е важно да се пристапи кон системски реформи, наместо кон парцијални интервенции“, велат од ДОМ.

dobivaj vesti na viber

„Членот 62-а имаше за цел да им овозможи на граѓаните да го изразат своето мислење во врска со нови градби кои можат да влијаат на нивниот живот и имот. Неговото укинување отвора прашања за начинот на заштита на правата на граѓаните во иднина.

Веруваме дека за стабилен и праведен развој на градежништвото, потребни се темелни и долгорочни решенија, вградени во сеопфатни законски рамки. Свесни сме дека постојат подготвени нацрт-текстови за нов Закон за градење и Закон за заштита на културното наследство, кои нудат можност за создавање на таква рамка.

Апелираме до Владата и Собранието: Да го преиспитаат пристапот на парцијални измени и да се фокусираат на донесување на нов Закон за градење и Закон за заштита на културното наследство на здрава основа, користејќи ги како појдовна точка веќе постоечките нацрт-текстови.

Да обезбедат транспарентен и инклузивен процес на подготовка и донесување на овие закони, со цел да се создаде правна рамка која ќе ги штити правата на граѓаните, ќе обезбеди одржлив развој и ќе ја унапреди правната сигурност во областа на градежништвото.

Во рамките на новите законски решенија, да се обезбедат механизми за заштита на правата на граѓаните во однос на влијанието на новоградбите.

Веруваме дека преку заеднички напори и фокусирање на системски решенија, можеме да создадеме подобро законско опкружување за сите“, се наведува во соопштението на ДОМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нов бран на странски инвестиции кои ќе донесат од 5 до 6 милијарди евра во Македонија, најави ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Од

Нов бран на странски инвестиции кои ќе донесат од 5 до 6 милијарди евра во Македонија, што значи нови работни места за граѓаните и модернизација на државата, најави ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на странски инвестиции и тоа е еден од главните начини за подобрување на економијата, отворање на нови работни места и модернизација на државата. Најавена е инвестиција помеѓу половина милијарда и една милијарда, средства кои ќе финансираат проекти за изградба на локални, регионална и експресни патишта. Дел од тие патишта ќе бидат реконструирани, а дел ќе се градат. Граѓаните ќе добијат побезбедни патишта како и можност за полесно патување и транспорт на стоки. Владата на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на стабилизирање на економијата, подобрување на стандардот на граѓаните и нивниот квалитет на живот“, се наведува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе се гради Клинички центар во Штип, а болницата во Кичево ќе се гради на нова локација. Исто така, најавена е реконструкција на Клиничка болница Тетово, операционите сали и два нови оддели ќе бидат опфатени.

„Пругата Табановце-Гевгелија, која ќе биде дел од Коридор 10, во која патничките возови ќе се движат 160км/час, а карго по 110км/час. Ова е проект кој ќе натфрли помеѓу 3 и 3.5 милијарди евра. По основ на ова БДП оди нагоре, а јавниот долг се намалува. Граѓаните ќе добијат подобар пристап и квалитетно здравство и надвор од главниот град. По преговорите од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за време на посетата на ОАЕ со странски инвеститори најавени се и нови проекти. Проекти на веќе постоечки локации во Охрид, откуп од сопствениците, и две нови локации. Попова Шапка Ски центар, локација кај Касарната за обележје, кое нема да биде само обележје на Скопје и Македонија, туку и регионот. Чебрен и Галиште, но и друг тип на објекти, соларни и нови ветерни централи, а институциите веќе се вклучени во процесите. Овој инвестициски бран е помеѓу 2 и 3 милијарди евра за Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

„Кога на моќниците ќе им застаруваат криминалите – сетете се дека ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за крај на таквата неказнивост“, велат од партијата Левица

„ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја покажа својата намера кога зборува за „реформи во судството“ – наместо вистински промени, тие бараат свои...

Свет2 часа

(Видео) Бајден го даде првото интервју по напуштањето на Белата куќа: Глупаво е да се мисли дека Путин ќе застане на Украина

Џо Бајден, во своето прво интервју за Би-би-си откако ја напушти Белата куќа, изјави дека притисокот на администрацијата на Доналд...

Европа3 часа

Кардиналите влегуваат во конклавата попладнево, се бира нов папа

133 кардинални електори ќе влезат во Сикстинската капела денес попладне и, зад заклучени врати, целосно изолирани од надворешниот свет, ќе...

Свет3 часа

(Видео) Се појавија првите снимки од нападот на Индија врз Пакистан

Тензиите меѓу соседните земји со нуклеарно оружје, Индија и Пакистан, драматично ескалираа откако Индија вчера вечер ја започна својата воена...

Свет3 часа

Пакистанскиот премиер: Подмолниот непријател изврши кукавички напад, овој гнасен чин на агресија нема да остане неказнет

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф вечерва објави официјално соопштение во кое остро ги осуди индиските воени напади. „Подмолниот непријател изврши кукавички...

Свет3 часа

(Видео) Трамп за нападот на Индија врз Пакистан: Штета, штотуку го слушнавме тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му е жал што Индија го нападна Пакистан. „Штета. Тукушто слушнавме за тоа, токму...

Свет3 часа

Индија го нападна Пакистан; Пакистан: Ова е срамен и кукавички напад

Индиската влада вчера вечер потврди дека нејзините сили извршиле воени напади на вкупно девет локации во Пакистан и дел од...

Македонија17 часа

Уважена жалбата на Асмир Јахоски: излегува од притвор со парична гаранција

Апелациониот суд Скопје информира дека постапувајќи по кривичниот предмет KСЖ-406/25, на нејавна седница одржана на ден 06.05.2025 година, ја уважиl...

Македонија19 часа

Обвинение против вкупно 10 лица за злоупотреби во РЕК Битола

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 7 лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Злоупотреба...

Македонија20 часа

(Видео) Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение, обвини СДСМ

Граѓаните се соочуваат со нови ценовни шокови по маркетите и продавниците. Цените повторно се покачени по истекот на мерката за...

Топ21 час

10-годишно девојче со тешки повреди донесено во болница во Прилеп: со возило ја прегазил нејзиниот 7-годишен брат

Вчера во 18.55 часот во Полициската станица Прилеп, од Општа болница „Борка Талески“ Прилеп било пријавено дека кај нив со...

Топ21 час

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: незаконски вработил вкупно 127 лица

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на...

Македонија21 час

Пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град: УХМР најави невреме за среда

Од УХМР известуваат дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на оваа седмица времето ќе биде...

Македонија22 часа

„Пливачите останаа на цедило – министерот Борко плива во тишина и безидејност“, велат од партијата Левица

„Министерот за спорт, Борко Ристовски се нама огласено по затворањето на базенот „Борис Трајковски“, а ветуваше брзо и ефективно решавање...

Македонија23 часа

Обвинение против 59-годишник за полов напад врз дете: го допирал малолетникот во парк во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе обвинение против 59-годишник кој се товари за полов напад врз малолетник,...

Свет23 часа

Фридрих Мерц не ја доби поддршката за нов канцелар на Германија

Конзарвативниот германски лидер на Христијанско-демократската унија (CDU/CSU) Фридрих Мерц не успеа да го обезбеди потребното мнозинство во Бундестагот за да...

Регион24 часа

Украл автомобил со мало девојче внатре: драма на бензинска пумпа во Србија

Полицијата во Обреновац од синоќа бара „Пунто“ кое еден маж го украл од бензинска пумпа, забрзал и избегал, објави „Телеграф.рс“....

Свет24 часа

Министерка на Трамп до Харвард: Нема потреба повеќе да барате владини пари, нема да ги добиете

Министерството за образование на САД во понеделник го извести Универзитетот Харвард дека ги замрзнува милијардите долари наменети за идни истражувачки...

Македонија1 ден

Тошковски склучил скандалозен тендер од 500.000 евра со фирма која ДПМНЕ ја обвинувало за корупција, обвини Левица

На 25 март, министерството на Панче Тошковски склучило скандалозен тендер во вредност од 575.000 евра со компанијата „Дон Холдинг”, фирма...

Свет1 ден

(Видео) Москва нападната со дронови, затворени сите аеродроми

Русија соопшти дека Украина синоќа извршила напад со беспилотни летала насочени кон Москва. Сите четири главни аеродроми во Москва беа...