Македонија
Портите на Дрим широко отворени

По стабилизирање на хидролошката состојба, портите на истекот на реката Црн Дрим од Охридското Езеро се ширум отворени и преку нив истекува максимално количество вода.
По стабилизирање на хидролошката состојба, портите на истекот на реката Црн Дрим од Охридското Езеро се ширум отворени и преку нив истекува максимално количество вода. Поради обилните врнежи есента и оваа зима, нивото на Охридското Езеро веќе подолг период е блиску до горната граница која се наоѓа на 693,75 метри надморска височина. Тоа според експертите е само десетина сантиметри помалку од природниот максимум, но состојбата не е загрижувачка, бидејќи населените крајезерски делови на Охрид и Струга се најмалку еден метар повисоко од максималното ниво на езерото. Во изминатиот период Македонија се воздржа од испуштање поголеми количини вода од езерото во реката Дрим, за да се спречи излевање на оваа река во Албанија која неодамна беше зафатена од големи поплави. Нивото на Охридското Езеро се регулира со Билатералниот договор помеѓу Македонија и Албанија кој е донесен пред повеќе од 50 години и според експертите потребно е тој да се ревидира врз основа на научна анализа со која предвид ќе се земат и климатските промени кои несомнено влијаат на осцилациите на Охридското Езеро. /крај/ohridnews/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја две улици во Илинден и Волково

ЕВН Македонија АД известуваат дека на денес без електрична енергија ќе останат:
· од 08.30 до 12.30 часот, корисниците на улица бр. 27 во нас. Илинден. (Општина Илинден)
· од 09.00 до 11.00 часот, корисниците на улица бр. 33 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и многу топло, максималната температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса во текот на оваа седмица ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоистоичен правец.
Македонија
Се’ уште гори кај Јасен, активни пожари на четири локации низ Македонија

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни и моментално се гаснат, додека шест се целосно изгаснати.
Активните пожари се лоцирани во различни делови на земјата. Еден од нив е во Националниот Парк Јасен во општина Македонски Брод, каде што гори мешана шума. Друг пожар е пријавен во село Теарце, општина Теарце, каде што се гори ниска вегетација. Во општина Сарај, во село Радуша, исто така се активни пожари кои зафаќаат сува трева и мешана шума. Четвртиот активен пожар е во општина Кичево, на потегот помеѓу селата Челопејци и Миокази, каде исто така гори мешана шума, соопшти Центарот за управување со кризи.
Надлежните служби постојано апелираат до граѓаните да ги почитуваат сите препораки и забрани за палење оган на отворен простор, со цел да се спречи ширење на пожарите и да се заштитат природните ресурси.