Македонија
Одзивот за вакцинација против ХПВ е многу слаб
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/13498c04-eb10-4594-b543-ce424b909521.jpeg)
Од 14.000 дванаесетгодишни девојчиња кои задолжително треба да се вакцинираат против ХПВ досега се вакцинирале 2.600 девојчиња или само 20 отсто. Околу 120 девојки пак се вакцинирале на возраст од 9 до 26 години.
Од 14.000 дванаесетгодишни девојчиња кои задолжително треба да се вакцинираат против ХПВ досега се вакцинирале 2.600 девојчиња или само 20 отсто. Околу 120 девојки пак се вакцинирале на возраст од 9 до 26 години.
Ова го изјави доктор Јованка Костовска во среда на едукативната сесија за превенција од рак на грлото на матката по повод неделата за превенција од овој вид на карцином, во рамките на глобалната кампања „Бисер на мудроста“.
Токму вакцинацијата и редовните превентивни гинеколошки прегледи се најважни во борбата против ракот на грлото на матката, кој е на второ место по честота и смртност од малигните заболувања кај жената.
Од оваа година министерот за здравство Бујар Османи најави пилот проект во четири града во Македонија каде жените ќе бидат повикани преку пошта со конкретен датум и конкретна здравствена установа, за да извршат гинеколошки и мамографски преглед.
Овој проект најпрво ќе биде воведен во Прилеп, Гостивар, Свети Николе и Штип. Според министерот, со ваквите покани поголем дел од жените од руралните средини ќе ги направат овие прегледи.
Во светски размери годишно се регистрираат околу 500.000 нови случаи заболени од рак на грлото на матката, од кои 300.000 завршуваат со смрт. Во Македонија, секоја година заболуваат над 200 жени, а приближно половина од нив умираат како последица на оваа болест.
И Словенија и САД против оваа смртоносна болест се борат со ПАП тестови и ХПВ вакцини. На едукативната сесија учествуваа и Андреа Илјаж од Амбасадата на Словенија во Македонија и Солве Рикер од американската амбасада во Македонија. Организатор е здружението “Борка“ и здружението за ХПВ. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.