Македонија
Јубилеј: 65 години Министерство за образование и наука
Монографијата за 65 години постоење на Министерството за образование и наука од 1944 – 2009 на историчарот Сашо Додевски денеска беше промовирана по повод јубилејот од постоењето на ова министерство.
Монографијата за 65 години постоење на Министерството за образование и наука од 1944 – 2009 на историчарот Сашо Додевски денеска беше промовирана по повод јубилејот од постоењето на ова министерство. Монографијата содржи документи, први наставни планови, а вклопен е и еден хронолошки приказ за историскиот развој на Министерството за образование и наука во период од 1944-2009г. „Од 1944 кога е основано, до денес, ова Министерство некогаш на поуспешен, некогаш на помалку успешен начин ја остварува функцијата на организација и планирање на, веројатно, најчувствителната, најсериозната и најважната област за развојот на една држава,“ рече ресорниот министер Никола Тодоров. Професорот Светомир Шкариќ, нагласи дека се работи за најобемен и најсистематизиран труд што досега е објавен за некоја државна институција во Македонија и му честита на авторот бидејки вешто ги поврзал во една целина настаните, документите и личностите кои суштински влијаеле врз развојот на образованието и науката. Низ промовирањето на монографијата учество зедоа музички талентирани ученици кои се претставија со неколку точки. За крај авторот на монографијата Сашо Додевски, магистар по историски науки, истакна дека е почестен што учествувал во создавањето на првата историја на МОН и оти со интензивна повеќемесечна работа, како што рече, се обидел да направи пресек на сите важни настани на МОН. Монографијата тој им ја посвети на сите луѓе во просветата, кои придонеле за развојот на Министерството и на целиот образовен систем во Македонија. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

