Македонија
Калеников го повика Груевски да ја преиспита намерата за увоз на стари возила
Претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК) Златко Калеников упати писмо до премиерот Никола Груевски во кое го повикува да ја преиспита намерата да се дозволи увоз на возила постари од 10 години.
Претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК) Златко Калеников упати писмо до премиерот Никола Груевски во кое го повикува да ја преиспита намерата да се дозволи увоз на возила постари од 10 години.
„Наше мислење е дека овој предлог ќе предизвика повеќе негативни ефекти кои ќе ја засегнат државата и граѓаните, а во развојна компонента и нас, импортерите на нови моторни возила“, се вели во писмото.
Калеников изнесе анализи според увоз на возила постари од 10 години негативно би се одразил врз безбедноста, екологијата, а ќе ја поттикнел и сивата економија.
За ССК е спорен и основниот мотив на најавената одлука, а тоа е давање можност на околу 100.000 семејства да купат автомобил.
Калеников смета дека треба да се има в предвид фактот што оние семејства кои што би купиле возила постаро од 10 години ќе се соочат со многу поголеми трошоци за одржување и сервисирање на тоа возило, како и со многу поголем ризик од откажување на некој од деловите.
„Со оваа Програма државата ќе ги наведе граѓаните своите животни заштеди да ги инвестираат во нешто што ќе нема никаква вредност и ќе им влече во наредните три години најмалку 50% од средствата што тие ги вложиле, се вели во писмото
Според првиот човек на ССК, под знак на прашање е дилемата дали оние граѓани кои имаат бугарско државјанство ќе се одлучат да ги сменат нивните стари возила.
Се проценува дека околу 20.000-30.000 граѓани возат автомобили со бугарски пасоши. И во случај некој од нив да се реши да го легализира возилото, бугарските пасоши ќе останат и натаму, се вели во реакцијата на ССК.
Калеников посочува и дека импортерите на возила би биле доведени во неправедна положба, бидејќи согласно законот тие се обврзани да увезуваат возила по ЕУРО 3 стандарди, а со најавената мерка граѓаните ќе може да увезуваат возила со пониски стандарди.
Воведувањето на најавената мерка е спротивна на политиката на ЕУ и потпишаниот договор на Македонија за стабилизација и асоцијација, вели Калеников предупредувајќи дека не треба да се чудиме доколку Македонија падне во извештаите на Doing Business. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

