Македонија
Македонија и Грција најавуваат интензивирање на преговорите
Македонија и Грција ќе му дадат одредници на медијаторот Метју Нимиц да внесе поголема динамика во преговорите за спорот со името.
Македонија и Грција ќе му дадат одредници на медијаторот Метју Нимиц да внесе поголема динамика во преговорите за спорот со името.
Ваква согласност е постигната за време на средбата помеѓу шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Димитрис Друцас, што во четвртокот попладне се одржа во Лондон.
Како што пренесе телевизија А1, средбата траела 25 минути, при што Милошоски и Друцас се договориле да му дадат насоки на медијаторот Нимиц за поинтензивни преговори.
Милошоски веднаш по средбата информираше дека со грчкиот заменик министер ги отвориле прашањата од заеднички интерес.
Се разбира дека го отворивме и прашањето за билатералниот спор на Грција со нашето уставно име. Заеднички констатиравме дека посетата на крајот на февруари или на почетокот на март би била добра можност и Македонија и Грција да му ги образложат своите позиции, но и да му се даде поттик во неговиот ангажман, “, рече Милошоски .
Шефот на македонската дипломатија претходно оствари средба со американскиот државен секретар Хилари Клинтон, на која и ги појаснил македонските позиции и иницијативи, но и подготвеноста на државата на заеднички начин со Грција да се придвижиме напред со цел да се изнајде компромисно решение кое би било во согласност со меѓународните норми со времената спогодба и со принципите на почитување на правото на самоопределување на секој народ. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

