Македонија
Самохрана мајка од Велес бара помош за своето болно дете
Животот за Драгица Дамјановска и нејзиниот четиригодишен син е суров. Мухамед е роден со проширено срце и стесната аорта. Докторите рекле дека болеста се лечи, но неопходни се редовни контроли на Клиника во Скопје.
Животот за Драгица Дамјановска и нејзиниот четиригодишен син е суров. Мухамед е роден со проширено срце и стесната аорта. Докторите рекле дека болеста се лечи, но неопходни се редовни контроли на Клиника во Скопје. Драгица својот Мухамед повеќе од две години го нема однесено на Клиника. Вели, немам пари, го лекувам единствено со лекарства што му ги препишува матичниот лекар.„Веќе две и пол години го немам однесено во Скопје на контрола, бидејќи немам пари. Поради тоа постојано му се влошува ситуацијата. Немам од никаде помош. Соседите ми носат дрва и млеко за детето, ми помагаат колку што можат. Побарав помош и од градоначалникот, но и таму ми рекоа дека помош ми следува само еднаш годишно, рече Драгица Дамјановска, мајка на Мухамед.Мухамед покрај проблемите со срцето и пневмонија со опструкции, има проблеми и со говорот и слихот. Самохраната мајка моли за помош.„Социјална помош добиваме но со 1.400 денари што можам да сторам дали да платам кирија или да ги купам најнеопходните лекови“ вели Драгица.Помош на самохраната мајка и понудија и волонтерите на Црвениот крст. Тие преку разни активности во наредниот период ќе собираат пари кои ќе ги донираат на семејството Дамјановски.„Ние ќе организираме неколку видови акции преку кои од хуманите луѓе ќе се обидеме да собереме повеќе парични средства. До поголемите фирми поднесовме барања, очекуваме и тие со свои донации да се вклучат во нашиот проект, ќе организираме и хуманитарна забава. Сите средства кои ќе ги собереме ќе им ги дадеме како помош“, вели Софија Андева, волонтер на Црвен крст.Оваа последна понудена помош од волонтерите на Црвениот крст и дава надеж на Драгица дека со помош на донациите од хуманите лица, Мухамед ќе го однесе на Клиника за да може одново да започне лекувањето на неговото срце. /крај/ди
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.
Македонија
Бугарија го ратификуваше договорот за тунелот на Коридор 8 – отворање на нова железничка врска Скопје-Софија
Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил.
„Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.
Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание.
Со ова се исполнети сите услови за доиадбзгра на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.
Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6ти Ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери.
Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани.
Продолжуваме да работиме“, напиша Николоски.
Македонија
(Видео) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделците за огромни 40 милиони евра
Од времето на СДСМ кога субвенциите беа 140 милиони евра, Мицкоски ги намали на 100 милиони евра. Ова е огромен удар врз земјоделците, врз нивниот труд, нивните семејства и егзистенција, оценува Александар Димитриевски од СДСМ.
„Пред избори, ВМРО ОКГ на земјоделците им ветуваше 180 милиони евра субвенции.
Наместо да ги зголемат субвенциите, ги излажаа земјоделците. Сега им ги намалија за 80 милиони евра помалку од тие што им ги ветува. Дополнително им ги усложнија условите.
80 милиони евра директно одземени од маката, трудот и егзистенцијата на земјоделците, од луѓето кои произведуваат храна.
Мицкоски ги понижи и ги измами земјоделците“.
Како што додаде, кратење има на сите страни и усложнување на условите, со зголемување на прагот за добивање на субвенции.
„Кај поледелските култури, кај пченицата, кај лозарството и овоштарството, намалени субвенции за тутун, за кокошки.
Ги укинаа сите добри мерки што ги воведе владата на СДСМ. Ја укинаа авансната исплата на субвенциите, земјоделецте останаа без сигурност, без поддршка, без чувство дека трудот им се вреднува.
Оваа влада крати од сите, само за да има за сопствениот луксуз, само да има за криминални тендери.
Нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за повисоки субвенции за земјоделците, ама власта има пари за криминални тендери, нов авион, за луксузирањата на Мицкоски и неговите министри“.
СДСМ, посочи тој, бара итна ревизија на програмата, враќање на средствата и вистинска поддршка за малите и средни земјоделци.
„Земјоделството не смее да биде жртва на криминалните политики на ВМРО-ОКГ“.

