Македонија
Каматната стапка на државните записи падна на 5 отсто

Министерството за финансии денеска продаде 6-месечни државни записи со девизна клаузула во износ од 1.500.000.000 денари (околу 25 милиони евра), со каматна стапка од 5 отсто
Министерството за финансии денеска продаде 6-месечни државни записи со девизна клаузула во износ од 1.500.000.000 денари (околу 25 милиони евра), со каматна стапка од 5 отсто.
Како што е соопштено ова претставува историски најниската каматна стапка реализирана на аукциите на 6-месечни државни записи, во шестгодишниот развој на пазарот на државни хартии од вредност во Македонија
Од воведување на инструментите со девизна клаузула, каматната стапка е намалена за 50 базични поени.
На денешната аукција беа понудени државни записи во вредност од 1.500.000.000 денари, додека побарувачката изнесуваше 1.717.030.000 денари. Утре достасуваат за отплата 6-месечни државни записи во вредност од 1.500.000.000 денари, односно нема ново задолжување на државата, туку сервисирање на постојните обврски по основ на претходно емитувани записи.
Министерството за финансии ги реализира најавите за намалување на каматната стапка на државните записи, како и за намалување на износот на задолжување, што воедно претставува и исполнување на барањата на бизнис заедницата.
Ова е секако позитивен сигнал за намалување на каматна стапка во економијата и поддршка за стопанството, кој веруваме ќе биде следен и од другите надлежни институции, соопшти Министерството за финансии./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДУИ: Ова е аларм, се инсталира систем што ги избриша Албанците од јавните институции

Целосното исклучување на Албанците од 32 нови вработувања во Централниот регистар е јасен доказ за институционална дискриминација и исклучувачките политики на оваа влада, реагираат од ДУИ.
„Ова веќе не е статистика, ова е аларм. Се инсталира систем кој ги избрише Албанците од јавните институции. Тоа се случува секој ден, во секој сектор, и веќе не може да се толерира“.
ДУИ бара итна реакција од сите домашни и меѓународни институции. Тоа, како што велат, не е прашање на вработување, туку е прашање на еднаквост, мир и опстанок на мултиетничката држава.
Ваквата неправда, како што најавуваат, нема да помине во тишина.
Македонија
15-милионитиот патник на „Визер“ во Македонија доби ваучер за лет по избор

ТАВ Македонија и Визер, на дојдовниот лет од Дортмунд, заеднички го пречекаа 15 милионитиот патник на оваа нискобуџетна авиокомпанија во земјава, од нивниот влез на пазарот во 2011 година досега.
Во знак на благодарност за лојалноста на патничката, ТАВ Македонија и подари патнички реквизити, а Визер и додели вредносен ваучер за авиобилети за дестинација која таа самата ќе ја избере.
„Во годината кога ја одбележуваме нашата 15 годишнина на пазарот, денеска го наградивме 15-милионитиот патник на Виз ер и со тоа ја прославивме нашата 14 годишна плодна партнерска соработка со овој авиопревозник, кој лета до вкупно 30 дестинации и 12 земји од Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид. Заедно со нив и со Владата, продолжуваме заеднички да работиме на проширување на мрежата на авиолинии од двата македонски аеродроми, правејќи ја Европа и светот поблиски како за македонските граѓани, така и за граѓаните од околните земји”, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, која е членка на француската групација АДП (Aeroports de Paris), партнерството со нискобуџетната унгарска авиокомпанија, Виз ер, го почна во јуни 2011 година, со првиот лет од Меѓународниот Аеродром Скопје до аеродромот Лутон-Лондон.
Во јули 2015 година, Виз ер почна со летови и од охридскиот аеродром, со летот од Охрид кон Базел.
Виз ер денес има база од пет авиони на Меѓународниот Аеродром Скопје и опслужува 30 дестинации до 12 земји до и од нашата земја, со пазарен удел од над 46%, со што е најголемиот авиопревозник на македонскиот пазар.
„Достигнувањето на 15 милиони патници во Северна Македонија е извонреден успех и доказ за нашата силна врска со ТАВ Македонија и нашите патници тука. Како лидери на пазарот, нудејќи летови до 30 дестинации од оваа земја, горди сме што играме клучна улога во поддршката на економскиот раст, како и во отворањето врати за деловни можности и охрабрувањето на посетителите да ја истражат богатата култура и прекрасните пејзажи на Северна Македонија. Возбудени сме што денес го прославуваме овој пресврт со среќниот патник и остануваме посветени на обезбедување ниски цени, сигурна услуга и повозбудливи можности за патување за сите во оваа земја.“ – изјави Андраш Радо, раководител за комуникации во Виз Ер.
Во 2024 година Визер превезе 1,8 милиони патници преку двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, а според бројот на патници, најфрекфентни рути на Виз ер се авиолиниите од Скопје до Милуз, Дортмунд, Мемингем и Берлин.
ТАВ Македонија и Виз ер и натаму продолжуваат партнерски да работат, со развивање на мрежата на авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром, зголемување на бројот и понудата на дестинации според барањата на патниците, со цел поголема достапност кон Европа и светот за македонските граѓани, како и за граѓаните на соседните држави.
Македонија
„Влен“: ДУИ ја продаде еднаквоста за „Соравија“

Влен реагира дека ДУИ ја загубила довербата на Албанците, откако две децении ја уништувала застапеноста на Албанците во државните институции, користејќи ја оваа тема за политичка трговија.
Според Влен, само за една година Владата направила историски чекор со законот за правична застапеност што ја регулира правичната и соодветна застапеност на Албанците во институциите, унапредувајќи ги на одговорни позиции, не со привилегии, туку со заслуги.
„ДУИ се спротивставува на овој закон затоа што повеќе не може да го користи како алатка за политичка трговија, тие ја продадоа еднаквоста за Соравија“, посочуваат од Влен.
Тие додаваат дека промената започнала и дека Албанците повеќе нема да бидат само фигури во администрацијата, туку вистински носители на одлуки, еднакви во законот и во животот.