Македонија
Јанкулоска-Нема индиции дека малата Ангела е киднапирана

Направивме бројни испитувања, разговори и интервјуа со месното население со луѓето кои се наоѓале во непосредна близина, луѓето од потесното и поширокото семејство, вклучително и родителите на исчезнатата, за жал не дојдовме до никакви индиции дека може да се работи за киднапирање
Направивме бројни испитувања, разговори и интервјуа со месното население со луѓето кои се наоѓале во непосредна близина, луѓето од потесното и поширокото семејство, вклучително и родителите на исчезнатата, за жал не дојдовме до никакви индиции дека може да се работи за киднапирање.
Ова денеска во Скопје го изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, во врска со тврдењето на родителите дека малата Ангела Георгиоска од мариовското село Дуње, која исчезна летоска, била киднапирана.
Остатоците од човечко тело, кои деновиве беа пронајдени во селото Пештани, мариовско, се дадени на судско вештачење, кое треба да утврди дали се од исчезнатото девојче.
„Се очекуваат резултатите од вештачењето што го прават во судска медицина и се разбира дека ние зависно од овие резултати кои можеби ќе го потврдат идентитетот на лицето на кое припаѓаат остатоците ќе ја насочиме истрагата во соодветен правец“, рече Јанкулоска.
На прашањето дали некој ќе сноси одговорност што остатоците не најдени уште летово, Јанкуловска одговори дека треба да се сочекаат резултатите од судска медицина за да може да го поврземе или да не го поврземе настанато од пред некој ден со она што се случуваше летоска.
„Тоа што истрагата во тој момент не ги даде посакуваните резултати, секако дека е предмет на наши интерни анализи“, рече Јанкуловска.
Во врска со вчерашната акција против вахабитите во БиХ, Јанкуловска одби да коментира изјави на странски држави.
„Повторно би сакала да потврдам дека безбедносната состојба во Македонија е непроменета. Ги следиме сите случувања во регионот и пошироко и подготвени сме соодветно да реагираме, доколку се јави потреба и тогаш кога ќе се јави потреба“, додаде Јанкулоска.
Нападот врз првиот човек на невладината организација Хоризонт на министерката за внатрешни работи не и е познат.
„Доколку е пријавен полицијата ќе постапи по овој настан. Не гледам причина зошто би му се дал повеќе публицитет во однос на било кој друг настан од ваков тип“, рече Јанкулоска.
МВР работи интензивно за надминување на проблемот со капацитет на системот кој изнесува пет илјади документи во еден ден, рече Јанкулоска, во врска со наводите за голем прилив на пари од издавањето на пасошите .
Таа додаде дека МВР добило неколку предлози за можни решенија за надминување на проблемот, мо пред тие да бидат разгледани, неблагодарно е да се шпекулира околу цената.
„За нас е приоритет да се излезе во пресрет на граѓаните“, изјави денеска во Скопје министерката за внатрешни работи на Македонија Гордана Јанкулоска, по промовирањето на полицискиот дигитален систем Тетра. /крај/ач/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од општините Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од булевар Борис Трајковски – крак 20 во Усје. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Божидар Рајковиќ, дел од корисниците од улиците Горноврановска и Горно Лисиче (општина Аеродром ) како и дел од корисниците лоцирани околу улицата Брсјачка Буна бр. 163. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги информира граѓаните дека, денеска:
· Поради изведување на водоводен приклучок ф 100 мм на улицата Призренска 22 бр.46Е, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Призренска 22 од 10:00 часот до завршување. (Општина Бутел)
Македонија
Промнеливо облачно време со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер (над 60 километри на час). Кон крајот на денот облачност ќе се намали.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачност ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во четврток времето ќе биде посвежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 километри на час). Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.