Македонија
Тодоров-Одлуката за изучување македонски јазик е позитивна
Одлуката за воведување на македонски јазик кај сите етнички заедници е позитивна и преку разговори и дебати ќе се обидеме да го докажеме тоа.
Одлуката за воведување на македонски јазик кај сите етнички заедници е позитивна и преку разговори и дебати ќе се обидеме да го докажеме тоа.
Ова денеска го изјави министерот за образование и наука Никола Тодоров, запрашан дали размислува да ја повлече одлуката за воведување на македонскиот јазик меѓу првачињата албанци.
Според Тодоров, наставниците се едни од клучните фактори кои треба да придонесат за намалување на етничките тензии меѓу учениците и не треба врз нив да се префрла целата одговорност за постоењето на тензиите.
Министерот во насока на подобрување на етничките односи меѓу учениците најави и дополнително обучување на професорите и наставниците преку формирање на Академија за обука на наставници и воспитувачи кои ќе бидат подучувани на мултикултурализам. /крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Груби доби отказ од тетовскиот универзитет кадешто предаваше новинарство
Поранешниот вицепремиер, Артан Груби доби отказ од тетовскиот универзитет поради тоа што не се појавил на работа.
Груби на универзитетот беше вработен како асистент по новинарство.
Функционерот од редовите на ДУИ се бара со меѓународна потерница поради сомнеж за криминал во „Државна лотарија“, а се наоѓа и на црната листа на САД поради вклученост во корупција. Тој не е достапен за органите на прогонот.
Македонија
Чулев обвинува за сериозни злоупотреби од претходната власт во разузнавачкиот систем, го повика Обвинителството да отвори истраги
Поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, обвини за сериозни злоупотреби во безбедносно-разузнавачкиот систем, за време на претходната власт предводена од СДСМ и ДУИ.
Тој во текст објавен на социјалните мрежи пишува дека безбедносно – разузнавачките институции не се реформирани, а во нивните рамки се направени сериозни злоупотреби кои мора да бидат предмет на истрага од страна на Јавното обвинителство. Овие злоупотреби, според Чулев, се потврда за користење на институциите за следење и негативно етикетирање на личности, како и за обиди за спречување на промена на власта.
„Во контекст на наводите објавени од премиерот Христијан Мицкоски за фабрикувани конструкции за пара-полициски вооружени формации, јавно го повикувам Обвинителството да истражи зошто ваквите информации не беа доставени до МВР, иако тоа експлицитно го побаравме во неколку наврати. Имено, по преземањето на функцијата технички министер, побарав писмено, но и во рамки на работен состанок, од надлежните институции да достават информации за потенцијални безбедносни ризици во пресрет на одржување на изборите. Вакви информации, до мене, МВР, но и до владата и Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во тој период воопшто не беа доставени“, вели Чулев.
Ексминистерот натаму прашува доколку институциите располагале со такви информации за сериозни безбедносни закани, зошто истите не биле доставени до надлежните институции во исклучително сензитивниот предизборен период и покрај тоа што истото во неколку наврати било побарано од негова страна. Додава дека неопходно е јавното обвинителство да отпочне активности за решавање на овие отворени прашања и утврдување на сите инволвирани лица и незаконски дејствија.
Скопје
Без вода попладнево неколку улици во Скопје
Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска, поради уличен водоводен дефект од Ф 80 мм на улицата Роза Луксембург бр. 8, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од следните улици: Роза Луксембург, Христо Смирненски, улицата 9 Мај, улицата Костурски херои, Борка Талевски, Васил Стефановски, Петар Попарсов и улицата Диме Аницин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 16 часот до санирање на дефектот.