Македонија
Папандреу не прифати средба во блиско време со Груевски

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу во врска со иницијативата на македонскиот премиер Никола Груевски да се состанат наскоро, истакна дека за таков состанок се потребни многу подготовки.
Грчкиот премиер Јоргос Папандреу во врска со иницијативата на македонскиот премиер Никола Груевски да се состанат наскоро, истакна дека за таков состанок се потребни многу подготовки.
„Господин Груевски предложи средба со премиерот Папандреу. Одговорот од господин Папандреу е дека за таков состанок се потребни многу подготовки“.
Ова е краткиот одговор од владата на Грција даден за Радио Слободна Европа, на барањето за коментар во врска со вчерашниот телефонски разговор меѓу двајцата премиери и поканата за нивна средба, упатена од македонскиот премиер.
Македонската влада вчера соопшти дека премиерот Груевски оствари кус телефонски разговор со Папандреу.
„Телефонскиот разговор следува по писмото упатено од македонскиот Премиер со кое тој го кани Папандреу на заедничка средба во интерес на унапредување на билатералните односи и напорите за решавање на единственото отворено прашање меѓу двете земји, стоеше во соопштението./крај/рсе/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претежно облачно со услови за дожд и снег

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, во раните утрински часови во делови од котлината ќе има услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.