Македонија
Собранието со Декларација го осуди геноцидот во Сребреница
Собранието на Република Македонија со 70 гласа „за“ и еден „против“ на 92-та седница денеска донесе Декларацијата за поддршка на Резолуцијата за Сребреница на Европскиот парламент од 15 јануари 2009.
Собранието на Република Македонија со 70 гласа „за“ и еден „против“ на 92-та седница денеска донесе Декларацијата за поддршка на Резолуцијата за Сребреница на Европскиот парламент од 15 јануари 2009. Со донесувањето на декларацијата осуден е геноцидот во босанскиот град од 11. до 23 јули 1995 година, кога од страна на воените сили на босанските Срби беа убиени 8.000 муслимански цивили во Сребреница. На денешната седница пратениците ќе ја разгледаат Предлог-одлуката за задолжување на Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светската банка по Договорот за заем за Првиот заем за развојна политика. На дневен ред, меѓудругото, се и предлог-законите за служба во Армијата на Република Македонија, за изменување на Законот за државните службеници, и за дополнување на Законот за сопственост и други стварни права, сите во прво читање. Предвидено е Собранието да расправа и по дополнетите предлози на законите за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба и на Законот за јавно здравје, и двата во второ читање. По затварањето на дневниот ред на 92-та седница, Собранието ќе ја продолжи 90-та седница, на чиј дневен ред е Предлог-законот за плаќање на рати на даночни долгови на јавните претпријатија и трговски друштва, основани од државата, од општините или од Град Скопје, по скратена постапка. Предвидено е Собранието да ја продолжи и 89-та седница, на чиј дневен ред се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за основно, Законот за средно образование и Законот за концесии и други видови на јавно-приватно партнерство, сите по скратена постапка./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и од Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Бранко Заревски. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови
Облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Македонија
Николоски со Караџов и Маринеску во Брисел: Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, Мариан-Жан Маринеску, европскиот Координатор за коридорот Западен Балкан – Источен Медитеран, како и Матеј Законшеќ, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница.
На средбата се разговараше за регионалните инфраструктурни проекти кои го потикнуваат рагионалниот развој и економија.
Николоски информираше дека законот за ратификација на Договорот потпишан на 6 ноември 2025 година наскоро ќе биде ратификуван во Собранието.
Николоски ги запозна соговорниците и дека на техничко ниво директорите на двете железнички претпријатија заеднички почнуваат со подготовка за апликација за финансирање на проектот за тунелот.
Тој потенцира дека се очекува во месец декември или јануари да биде објавен тендерот за третата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија.
Работната агенда на вицепремиерот Николоски продолжува и утре каде ќе учествува на Самитот на министри за транспорт на земјите од Западен Балкан и министри од Европската Унија.

