Македонија
Канчевска-Милевска: Црвенковски нема право да суди дали нешто е кич
Бранко Црвенковски во својата 20-годишна политичка кариера не изгради апсолутно ништо во Македонија и зачудува од каде тој се доживува како авторитет кој може да коментира дали е нешто кич или не.
Бранко Црвенковски во својата 20-годишна политичка кариера не изгради апсолутно ништо во Македонија и зачудува од каде тој се доживува како авторитет кој може да коментира дали е нешто кич или не.
Со ваков став денеска излезе министерката за култура Елизабета Канчевска-Милевска, по најавите на барањето на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски да се распише референдум за новиот урбанистички план Скопје 2014.
Запрашана како ќе го коментира барањето за референдум, Канчевска- Милевска одговори дека целиот проект поминал транспарентно и во него учествувала целокупната стручна јавност составена од архитекти и инженери.
Според проценките на министерката за култура, проектот Скопје 2010 ќе чини од 0,5 до 1 отсто од буџетот во зависност од буџетската година, заклучно со 2014 година./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Исплатите од ИПАРД програмата привремено прекинати поради проверка на законитоста
Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата – инструментот на ЕУ за претпристапна помош за рурален развој, соопшти Министерството за финансии.
Оттука објаснија дека одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.
„За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои повратно известија и ја поздравија одлуката на Националните структури. Целта е да се обезбеди уверување дека воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност на плаќањата од ИПАРД, како и постоење на ефективни мерки за заштита од измами и корупција“, велат од Министерството.
Во моментот Националните структури за управување на средства од ИПА/ИПАРД инструментот веќе превземаат дополнителни мерки и активности поврзани со актуелните случувања.
Се додава дека Македонија од Европската комисија уште од 2009 година го има добиено од правото за децентрализирано управување со средствата од ИПА/ИПАРД инструментот.
Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски во текот на денот на прес-конференција изјави дека одлуката за суспендирање стапила на сила веднаш, на неопределено време, се до исполнување на одредени услови и акциски планови. Оваа суспензија, како што појасни, опфаќа целосен прекин на исплатите кон земјоделците и компаниите коишто веќе имаат склучени договори и веќе реализираат инвестиции од оваа програма, потпишување на нови договори и преземање на финансиски обврски од платежната агенција, како и објавувањето на нови јавни повици. Причината, како што вели, е скандалот со барање и примање на мито од страна на директорот на платежната агенција и уште четири други лица, вклучувајќи и блиска соработничка на министерот од Министерството за земјоделство.
Попладнево министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, изјави дека Брисел нема најава за блокада на ИПАРД средствата и додаде дека ќе продолжи борбата против корупцијата Тој појасни дека веднаш по акцијата на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството, се преземени дополнителни активности за целосна проверка на работењето на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
„Ќе се преземат мерки за унапредување на контролните механизми, особено во делот на исплатата на ИПАРД средствата,“ додаде Трипуновски.
Министерот најави дека набрзо ќе има нов директор на Агенцијата, со цел тековното работење да продолжи со нормална динамика.
Македонија
Трипуновски: Брисел нема најава за блокада на ИПАРД средствата, борбата против корупцијата продолжува
Брисел нема најава за блокада на ИПАРД средствата на кои што сме како држава корисници. Напротив, нашата борба против корупцијата која ја водиме во моментов и дополнителните проверки што ги спроведуваме во самата Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се силно пофалени од страна на Брисел, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Тој појасни дека веднаш по акцијата на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството, се преземени дополнителни активности за целосна проверка на работењето на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
„Ќе се преземат мерки за унапредување на контролните механизми, особено во делот на исплатата на ИПАРД средствата,“ додаде Трипуновски.
Министерот најави дека во краток рок ќе биде назначен нов директор на Агенцијата, со цел тековното работење да продолжи без застој.
„Ние како држава сме решени доследно да ја спроведеме борбата против корупцијата,“ нагласи министерот Трипуновски.
Македонија
УКИМ го одбележа Светскиот ден на науката за мир и развој: Доделени наградите за најдобри научници и уметник за 2024 година
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска се приклучи кон светската заедница во одбележувањето на Светскиот ден на науката за мир и развој, кој годинава се одржува под покровителство на УНЕСКО со тема: „Доверба, трансформација и иднината: Науката што ни е потребна за 2050 година“.
На свеченоста, ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, ги додели годишните Награди на Универзитетот за врвни резултати во научноистражувачката и уметничката дејност за 2024 година. Добитници на признанијата за најдобри научници и уметник се:
проф. д-р Јасмина Петреска Станоева – Природно-математички факултет (најдобар научник за природно-математички науки);
проф. д-р Христијан Ѓорески – Факултет за електротехника и информациски технологии (најдобар научник за техничко-технолошки науки);
проф. д-р Драган Мијакоски – Медицински факултет (најдобар научник за медицински науки и здравство);
вон. проф. д-р Мартин Николовски – Факултет за ветеринарна медицина (најдобар научник за ветеринарни и земјоделски науки);
проф. д-р Огнен Спасовски – Филозофски факултет (најдобар научник за општествени науки);
проф. д-р Драган Даутовски – Факултет за музички уметности (најдобар научник за хуманистички науки).
Во своето обраќање, ректорката Ангелова ја истакна улогата на науката како двигател на општествениот напредок, нагласувајќи дека денес повеќе од кога било е потребна наука што гради доверба – меѓу истражувачите и општеството, универзитетите и индустријата, знаењето и етиката.
„Вие сте инспирација за сите нас, особено за идните генерации што ќе го водат нашето општество кон поинтелигентна и поодржлива иднина. Да продолжиме сите заедно да ја негуваме довербата во науката, да ја поттикнуваме трансформацијата преку знаење, и да ја градиме иднината што ја заслужуваме – иднина во која науката е јадро на мирот, развојот и човековата благосостојба,“ изјави ректорката Ангелова.
Со оваа манифестација, УКИМ уште еднаш ја потврди својата посветеност кон развој на науката, иновациите и хуманите вредности како темели на општествениот напредок.

