Македонија
Полицијата ги утврдува причините за пожарот на три куќи во Битола

Полицијата ги утврдува причините за големиот пожар, што избувна синоќа во Битола, при што една куќа целосно изгорела, а двете соседни куќи биле зафатени од огнот
Полицијата ги утврдува причините за големиот пожар, што избувна синоќа во Битола, при што една куќа целосно изгорела, а двете соседни куќи биле зафатени од огнот.
Според СВР Битола пожарот избувнал на улицата Солунска во куќата на Х.Ѓ (56), која што целосно изгорела, а потоа се проширил и ги зафатил куќи на Н.С (40) и на Б.К (54).
Битолската Телевизија Тера јави дека сопственикот на изгорената куќа Христо Ѓоргиевски-Спанаќот, кој се кандидраше за претседател е повикан на информативен разговор.
Соседите се револтирани и велат дека две години се борат, бараат помош од институциите, кои, според нив тврделе дека го следат и го имаат под контрола Ѓоргиевски.
„Во инспекцијата, во социјално, во општината. Им велевме луѓе Спанаќот не е како што треба. Целото ѓубре од градот го бери, цел Баир со Ромите се кај него, некој ден ќе не запали, ќе изгориме сите. Тој ден дојде ете сега. Целата улица, ланец од куќи се зафатени” изјави Наум Стефовски жител на улица Солунска.
Соседите не сакаат да претпоставуваат дали пожарот е предизвикан намерно или не, само велат дека се гневни на односот, односно пасивноста на институциите за она на што предупредувале со години./крај/тт/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од општините Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од булевар Борис Трајковски – крак 20 во Усје. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Божидар Рајковиќ, дел од корисниците од улиците Горноврановска и Горно Лисиче (општина Аеродром ) како и дел од корисниците лоцирани околу улицата Брсјачка Буна бр. 163. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги информира граѓаните дека, денеска:
· Поради изведување на водоводен приклучок ф 100 мм на улицата Призренска 22 бр.46Е, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Призренска 22 од 10:00 часот до завршување. (Општина Бутел)
Македонија
Промнеливо облачно време со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер (над 60 километри на час). Кон крајот на денот облачност ќе се намали.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачност ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во четврток времето ќе биде посвежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 километри на час). Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.