Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Споменикот на Александар го впишал СДСМ
Споменикот на Александар Македонски на плоштадот во 2004 г. го озаконила најголемата опозициска партија СДСМ, изјави денеска Сашо Стефаноски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ
Споменикот на Александар Македонски на плоштадот во 2004 г. го озаконила најголемата опозициска партија СДСМ, изјави денеска Сашо Стефаноски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Стефаноски на денешната прес-конференција рече дека ставовите на СДСМ зависат од дневно политички потреби и од моменталната проценка дали може да се добие некој ситен политички поен.
„Ние говориме со факти, аргументи и документи. За најновата нивна небулоза сведочи овој документ. Тоа е Програмата за споменици донесена од страна на Советот на Град Скопје, и тоа на ден 30-ти ноември 2004 г. За потсетување, ВМРО-ДПМНЕ тогаш, од 45 имаше само четири советници. Во тоа време мнозинството во Советот го имаше СДСМ и тие одлучуваа каква ќе биде секоја одлука, програма и проект. Сите советници од СДСМ гласаа за оваа програма. Во оваа програма, која ја гласаше СДСМ, на прво, потенцирам на прво место, стои дека треба да се изгради споменик на Александар Македонски, натаму следат и останати споменици кои сега се содржат во проектот Скопје 2014 г.“, изјави Стефаноски.
„СДСМ сега е против сите споменици кои ги иницираше и за кои гласаше во 2004-та и кои се содржани во оваа програма.“, додаде Стефаноски нагласувајќи дека во овие критики на СДСМ и нивниот лидер Бранко Црвенковски се гледа, како што оцени, лицемерство и неконзистентноста./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од Аеродром и Чучер Сандево без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. Богомиски Поход. ( општина Аеродром )
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Мирковци. ( општина Чучер Сандево )
Македонија
Времето денес магливо и студено
Времето денес по котлините во поголем дел од денот ќе биде магливо и постудено.
Во останатите подрачја ќе биде сончево со умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени. Во местата со магла максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6 степени.
Во Скопје во поголем дел од денот ќе биде магливо и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени, јавува УХМР.
Во следните денови продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, особено на повисоките места и на планините, поради што снежната покривка и понатаму ќе се намалува.
По котлините ќе биде магливо и постудено, особено во претпладневните часови.
Македонија
Нема пари за плати, нема лекови а власта запнала авион за функционери да купува, велат од СДСМ
Во државата нема лекови, власта вели дека нема пари за плати за работниците, нема пари за поголема минимална плата а запнала авион за функционерите да купува со пари на граѓаните, реагираат од СДСМ.
„Во горда Македонија на Мицкоски нема пари за работниците и нема лекови- има само за луксузните патувања на владините функционери. Баш му е гајле на Мицкоски за животниот стандард на народот, за тоа што нема лекови на Онкологија. Ветувањата за скромност пред изборите ДПМНЕ ги замени со аздисаност и луксуз за функционерите. Мицкоски си игра мајтап со тие што го плаќаат, граѓаните“.
Ова, според нив, ја покажува ароганцијата и потценувањето на граѓаните но и начинот на којшто ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе се однесуваат, душмански со парите на граѓаните, за сопствени луксузирања.
СДСМ како што додаваат, е против и заедно со граѓаните ќе се спротивстави на овие расипнички и погрешни политики на ДПМНЕ.