Македонија
Османи: Јавното здравството ќе остане непрофитен сектор

Ќе се менуваа Законот за здравството и ќе се адаптира системот, а јавното здравство ќе остане непрофитен сектор, соопшти Министерот за здравство, Бујар Османи…
Ќе се менуваа Законот за здравството и ќе се адаптира системот, а јавното здравство ќе остане непрофитен сектор, соопшти Министерот за здравство, Бујар Османи, една недела откако стапи на сила одлуката на Уставниот суд која предвидува граѓаните со сини картони да можат да се лекуваат и во приватните болници.
По одлуката на Уставниот суд, која според Османи внела дисторзија во здравствениот систем, властите биле оставени да направат избор дали јавното здравство ќе стане профитабилно и здравствените услуги да се поскапат енормно, втората да укинат непрофитабилните услуги или пак да се направат измени во Законот за здравство.
“Ние ја избравме третата опцијата, која нема да го наруши здравствениот систем, опцијата која нема да дозволи 90 отсто од граѓаните да останат без никакви здравствени услуги“ изјави Османи.
Со измените, доколку некој се лекувал во приватна болница за да може да добие рефундација на парите од Фондот ќе му биде потребен упат од матичен лекар и целосна документација за направената здравствена услуга.
Измените кои министерството ќе ги предложи ќе бидат разгледувани на владина седница по што најверојатно ќе бидат испратени до Собранието. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре сончево време со температура до 30 степени

Времето утре наутро ќе биде ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје, сончево, со слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 30 степенiи.
Продолжува периодот на претежно сончево време со посвежи утра и постепен пораст на дневната температура.
Македонија
Почна реконструкцијата и изградбата на шест спортски терени во Гостивар

Општина Гостивар започна со реконструкција и изградба на 6 спортски терени, од кои 4 се спортски терени, еден парк со спортски терен и едно спортско игралиште, на различни населени места во градот.
Од нив, 3 постоечки терени ќе бидат реновирани и опремени со модерна опрема и тартан подлога, додека 3 нови терени ќе се изградат од почеток, според најсовремените стандарди за безбедност, квалитет и функционалност.
„Нашата цел е јасна: да создадеме простори каде што младите ќе поминуваат квалитетно време, ќе се занимаваат со спорт и ќе растат здрави. Овие инвестиции се инвестиции за иднината на нашите генерации,“ – истакна градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани.
Македонија
Злоупотреби со регистрација на половни возила: 11 осомничени, меѓу нив и вработена во МВР

Секторот за внатрешни работи Куманово, во соработка со Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги при МВР, поднесе кривични пријави против 11 лица поради повеќе кривични дела поврзани со плаќање давачки за увоз и регистрација на половни моторни возила.
Меѓу пријавените е и 43-годишна вработена во МВР – Одделение за управни работи Куманово, осомничена за „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавен е и 29-годишен контролор во станица за технички прегледи поради „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“. Останатите лица се сомничат за „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и „давање лажен исказ“.
Според МВР, во текот на 2024 година дел од пријавените договарале сопственици на возила со странски таблици, кои за половина од законските давачки за увоз, добивале регистрација без да ги платат потребните трошоци. Во електронскиот систем биле внесувани податоци за возила без платени царини, такси и надоместоци за регистрација.
Пријавениот контролор во станица за технички прегледи изготвувал и фалсификувани електронски табели налик на оние што ги издава Бирото за метрологија за хомологација на возила.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за понатамошно расчистување на случајот.