Македонија
Порано заврши откупот на тутун
Откупот на тутун заврши еден месец пред законски предвидениот рок, велат од Сојузот на тутунски здруженија на Македонија.
Откупот на тутун заврши еден месец пред законски предвидениот рок, велат од Сојузот на тутунски здруженија на Македонија.
Просечната цена што се постигна е 192,17денари за килограм. Откупени се вкупно 23 милиони килограми тутун или седум милиони повеќе од претходната година.
„Генерално сме задоволни, освен за типот „басмак“, цената беше 205 денари за килограм што е ниска цена. Ако продолжи вака ќе го нема најквалитетниот тутун“ вели Живко Тасевски од Сојузот на тутунски здруженија.
Сојузот смета дека за следната реколта, тутунот треба да се вреднува 10-15 отсто повеќе и да не се врзуваат цените со субвенциите.
За 2010 година тутунарите предвидуваат производство од околу 29 милиони килограми, со што ќе се приближат кон златната 1986 година за Македонија кога произведени биле 31 милиони килограми тутун.
„Малку треба да се воздржани тутунарите, се уште немаме разговарано со Министерството дали ќе има и колкави ќе бидат субвенциите за реколтата 2010/2011 и дали тие ќе бидат по килограм или по класи“ додава Тасевски.
Во повеќето земји тутунот се субвенционира по класи, но тутунарите од Македонија преферираат субвенционирањето да биде по килограм.
„Државата има стратегија кога ќе се дојде до квантитет се префрлаат на квалитет“ велат од Сојузот.
Сојузот од откупните претпријатија почна да собира информации за да може да ги прогласи најуспешните тутунопроизводители за изминатата година. Наградите свечено ќе бидат доделени на денот на тутунарите, четврти април.
Од Сојузот исто така апелираат до крајот на март тутунопроизводителите да го имаат пријавено своето производство./крај/тера/нч/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сали-Варнс: нагласена посветеноста на Владата кон спроведување реформи во јавната администрација и во судскиот систем
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со Вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс.
На средбата беше истакната важноста на стратешкото партнерство меѓу земјата и Соединетите Американски Држави, како и континуираната американска поддршка за демократските и развојните процеси.
Соговорниците разговараа за клучната улога на регионалната стабилност како предуслов за мир и одржлив развој.
Сали ја нагласи посветеноста на Владата кон спроведување реформи во јавната администрација и во судскиот систем, оценувајќи ги овие чекори како суштински за зајакнување на владеењето на правото, зголемување на транспарентноста и подобрување на услугите за граѓаните.
Двете страни ја реафирмираа подготвеноста за понатамошно продлабочување на билатералната соработка.
Македонија
Нова градска плажа, се реконструираат спортските терени, кејот на Вардар добива нов лик, најави Ѓорѓиевски
Кејот на Вардар добива нов лик и нова градска плажа, отворена за сите генерации, објави на социјалните мрежи скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
Тој информира дека со засилено темпо течат работните активности за уредување на кејот на реката Вардар, простор каде секојдневно се рекреираат илјадници граѓани и кој претставува едно од најважните урбани јадра на Скопје.
„Кејот е меѓу моите клучни приоритети и уште од првите денови по преземањето на функцијата градоначалник, започнавме со темелно чистење, со што конечно Вардар повторно тече по своето природно и нормално корито.
Денес, кејот го уредуваме со јасна визија за функционален и жив јавен простор.
Се реконструираат спортските терени за фудбал, одбојка на песок и баскет, се поставува нова урбана опрема и се создаваат модерни фитнес-зони на отворено. Во рамки на овој проект опфатени се и спортските терени во Маџир Маало, кои целосно ќе се унапредат и ќе се вратат во служба на заедницата.
На ова место градиме и современа градска плажа – безбедно, уредено и достапно катче за одмор, рекреација и дружење, кое ќе внесе нова енергија и живот покрај реката и ќе го доближи Скопје до европските урбани стандарди.
Инвестирањето во спортот е инвестирање во здрави навики, здрави млади и силно општество.
Искрена благодарност до министерот за спорт, Борко Ристовски, за поддршката и партнерскиот пристап, кои овозможуваат ваквите проекти да се реализираат брзо, квалитетно и во интерес на граѓаните.
Ова, почитувани, е само почеток.
Нашата визија е да создадеме современи, уредени и достапни спортски терени во сите општини на Град Скопје“, напиша Ѓорѓиевски.
Најавува како што вели, рамномерен развој, еднакви можности и активен, здрав живот за секој скопјанец, без разлика каде живее.

