Македонија
Османи:Иницијативата на НД за споменик на Џемо Хаса – политички маркетинг
Политички маркетинг е иницијативата на Нова демократија(НД) за поставување на споменик на Џемо Хаса во центарот на Гостивар, ако оваа иницијатива најпрво не биде доставена до републичкото Собрание.
Политички маркетинг е иницијативата на Нова демократија(НД) за поставување на споменик на Џемо Хаса во центарот на Гостивар, ако оваа иницијатива најпрво не биде доставена до републичкото Собрание. Ова денеска го изјави градоначалникот на Гостивар Руфи Османи, при тоа додавајќи дека ја поддржува иницијативата за поставување на споменик во центарот на Гостивар, но дека Општината нема овластување да одлучува. „Потребни се законски измени со кои општината би ги добила ингеренциите за одлучување“, рече Османи. Гостиварскиот огранок на Нова демократија во средата поднесе иницијатива за изградба на споменик на Џемаил Хасани, познат како Џемо Хаса, во центарот на Гостивар. Предлогот на НД предизвика многу реакции во Гостивар, бидејќи Хаса бил еден од водачите на балистичко-фашистичкото движење во западна Македонија. Сулејман Рушити од НД изјави дека станува збор за искривување на историјата, односно дека балистичко-фашистичката квалификација на Хаса ја направиле комунистите. /крај/сс/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

