Македонија
НД: Гостивар има законско право да поставува споменици
Општина Гостивар има законско право за поставување на споменици, се вели во реакцијата на Нова Демократија на вчерашната изјава на гостиварскиот градоначалник Руфи Османи.
Општина Гостивар има законско право за поставување на споменици, се вели во реакцијата на Нова Демократија на вчерашната изјава на гостиварскиот градоначалник Руфи Османи. „Општините имаат законско право да постават споменици врз основа на законот за меморијални центри и историски монументи Став 5 Член 3. Истовремено го потсетуваме г. Руфи Османи дека во неговата предизборна кампања тој вети пред јавноста дека ќе го постави споменикот на Џемо Хасa (Џемаил Хасани) во центарот на градот“, се вели во реакцијата од Нова Демократија. Според нив, токму со искористување на овие надлежности, биле поставени спомениците на Ибрахим Темо во Струга, на Јосиф Багери во Дебар, на Наим Фрашери во Тетово, на Филип Втори во Битола, на Александар Велики во Прилеп и на Скендер Бег и Мајка Тереза во Скопје. Вчера Османи се прогласи за ненадлежен да решава за иницијативата на Нова Демократија за изградба на споменикот на Џемо Хаса во Гостивар и побара да биде доставена до Републичкото Собрание. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

