Македонија
Сообраќајот на патот Маврово-Дебар се одвива по една коловозна лента
Сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар, во близина на Св. Јован Бигорски, се одвива наизменично по една коловозна лента, откако механизацијата на „Македонија пат“ го проби наносот предизвикан од лизгање на земјиште.
Сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар, во близина на Св. Јован Бигорски, се одвива наизменично по една коловозна лента, откако механизацијата на „Македонија пат“ го проби наносот предизвикан од лизгање на земјиште. Екипите на „Македонија пат“, како што информираат од АМСМ, продолжуваат со расчистување на свлечиштето, со цел ослободување и на втората коловозна лента. На планинскиот превој Стража забраната за тешки товарни возила е укината, додека на Маврово сеуште е на сила. На патниот правец Р110 Валандово – Удово кај Калковска река поради нанос од песок и излевање на реката, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента. /крај/амсм/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Денови на култура во општина Илинден 2024 „25 Литературна манифестација“
Општина Илинден на 14, 15 и 16 мај 2024 година, ќе ги реализира традиционалните Денови на културата, во чии рамки во Домот на култура „Илинден“ ќе се одржи јубилејната 25-та Литературна манифестација „Илинден 2024“, а во соработка со Друштвото на писателите на Македонија.
Новина оваа година во програмата на Деновите на култура е прикажување на кино проекција на игран филм. За љубителите на филмот, на 14 мај со почеток во 19:00 часот, во кино салата на Дом на култура „Илинден“ ќе се прикажува игран филм „Стела“ во режија на Стојан Вујичиќ
На 15 мај ќе се одржи, Трибина: „Современа македонска литература и нејзината перцепција, читањето, критиката, медиумите“, со учество на еминентни писатели и литературни критичари, потоа креативна работилница „Гатанките, поговорките и пословиците во македонската литература за деца“ со учество на писатели на ДПМ и ученици од основните општински училишта од општина Илинден, како и традиционалното Литературно матине за деца ,,Пролетно поетско будење на Илинден” со учество на повеќемина истакнати македонски писатели за деца и млади. По повод Меѓународната Литературна манифестација Општина Илинден распиша литературен награден конкурс на тема „Татковина“ за учениците од општинските основни училишта, при што на Литературното матине за деца ќе бидат прочитани и наградените песни, а на учениците ќе им бидат доделени пригодни награди. Дел од манифестацијата е ликовна изложба на ликовниот уметник Владимир Темков, како и културно уметничката програма со настап на АМПИ „Илинден“, КУД „Гоце Маркоски“ како и музички настап на ученици од општина Илинден.
Централен настан на манифестацијата што се реализира во соработка со Друштвото на писателите на Македонија е поетска вечер „Интимно соѕвездие“ посветена на современата македонска љубовна поезија што ќе се одржи на 16 мај (четврток) со почеток во 19.00 часот, на кој ќе настапат повеќемина реномирани македонски поети. Новина оваа вечер ќе биде промоцијата на посебно издание-книга со текстовите на учениците од минатата година, како и музички настап на Trinity Strings.
Македонија
Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш, за да можеме да победиме
„Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за неумоливоста и вербата на секој наш член, гласач, поддржувач, симпатизер и граѓанин кој верува во нашата искреност и визија за подобра иднина“, напиша на социјалните мрежи претседателот на Левица, Димитар Апасиев.
„На членовите на Левица им должиме огромна благодарност! Вашата посветеност и пожртвуваност, истрајноста наспроти притисоците и работата за нашата заедничка кауза се движечката сила позади нашиот континуиран успех. Растот на Левица од нула до она што е денес, организирањето теренски активности за контакт и дискусии со граѓаните, вклучувањето во кампањите, сета напорна работа и масовна мобилизација не останаа без резултат. Вашата издржливост, одлучност и на моменти фанатична посветеност во клучните мигови е она што дополнително нè поттикна да одиме решително напред во секоја криза и ни овозможи да направиме сериозна разлика во политичката култура во Македонија.
На нашите гласачи им благодариме за дадената доверба. Вашата храброст да постапите различно од сите останати, вашата мудрост да ги препознаете искрените заложби наспроти бројните лаги и манипулации во етерот, како и вербата во нашата работа и кауза е катализатор на промените кои претстојат. Ја разбираме тежината на одговорноста што ни ја доверивте и ветуваме дека чесно и доблесно ќе работиме за да бидеме достојни на Зборот даден кон вас. Идејата за поубава Македонија е жива и преку нашата работа во законодавниот дом ќе ја чуваме и работиме на нејзина реализација. Вашиот глас ни даде простор да се залагаме за политики кои даваат приоритет на благосостојбата на граѓаните, заштита на животната средина и на националните ресурси, унапредување на состојбите во здравството, образованието, правосудството, но и заштита на националното прашање и македонскиот идентитет.
На сите наши симпатизери и поддржувачи (дома и во странство), ви благодариме што останавте покрај нас во текот на нашиот перманентен раст и созревање на политичката сцена. Без разлика дали тоа беше преку волонтирање, донации, јавна поддршка, споделување на нашите идеи или друг начин, вашата поддршка е непроценлива! Вербата во нашата левичарска Кауза ја поттикнува нашата решителност уште поборбено да тргнеме кон значајни промени и да создадеме пофер, попрaвично и порамноправно општество за нашиот народ.
Борбата која ни претстои не сме наивни да веруваме дека ќе биде лесна. Напротив, свесни сме дека ќе биде сериозен предизвик. Сепак, со вашата континуирана поддршка убеден сум дека можеме да дојдеме до уште подобри резултати кои ќе значат надеж, но и можна поубава иднина дома, во Македонија. Заедно докажавме дека трулиот систем може да се изигра“, напиша Апасиев.
Македонија
Непречен сообраќај по претежно влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.