Македонија
МПЦ треба да го прифати Грегоријанскиот Календар
Македонската православна црква треба да го прифати Грегоријанскиот календар и со тоа да се придружи на православните цркви, како и на најголемиот дел од христијанскиот свет кои веќе го имаат сторено тоа.
Македонската православна црква треба да го прифати Грегоријанскиот календар и со тоа да се придружи на православните цркви, како и на најголемиот дел од христијанскиот свет кои веќе го имаат сторено тоа.
Ова денеска го изјави Билјана Попоска, член на претседателството на Социјалдемократската Унија, која потенцираше дека за ова прашање е потребна поширока јавна дебата во која ќе се вклучат сите компетентни лица.
Во суштина ова прашање не е судир помеѓу католицизмот и православието, туку се работи за тоа кој направил поточна пресметка, рече Попоска и додаде дека е бесмислено да се слави Нова година според Грегоријанскиот календар, а Божиќ според Јулијанскиот календар.
Грегоријанскиот календар е многу попрецизен од Јулијанскиот, а оваа промена во никој случај нема да го загрози духовниот идентитет на нашиот народ, истакна Поповска.
СДУ е уверена дека бизнис заедницата стои зад ставот за прифаќање на календарот, особено заради вакуум периодот од дваесетина дена кој се создава за време на Новогодишните и Божиќните празници во кој се замрени сите економски активности, потенцираше Попоска.
Со оваа промена на календарот би се промениле фиксните празници како Божиќ, а оние кои се пресметуваат според црковните догми, како Велигден, ќе останат непроменети.
Македонија ќе биде единствената земја членка на ЕУ која Божиќ ќе го прославува на 7 јануари. Грција, Кипар, Бугарија и Романија одамна го сменија календарот и Божиќ го слават на 25 декември./крај/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во наредните денови претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, ќе биде претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни.
Македонија
Скандалот со 9 милиони евра e само капка во криминалниот океан на Мицкоски и ДПМНЕ, велат од СДСМ
Скандалот со доделените тендери од 9 милиони евра на фирма основана пред една година, со двајца вработени е само капка во криминалниот океан што го создадоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.
„Криминалната власт има изградено систем во кој парите на граѓаните системски се крадат, преку наместени тендери на фирми блиски до власта.
Тоа е моделот на Груевски кој јавноста го слушна во бомибите а Мицкоски само го спроведува истиот систем на неговиот ментор и учител.
A на виделина излезе и друга поврзаност, вториот вработен во фирмата е човек поврзан со УБК на Мијалков и со уништувањето на опремата за масовно прислушување.
И токму такво лице денеска, под власта на Мицкоски, повторно се појавува во сред скандал“.
Исти методи, исти шеми, исти луѓе, додаваат од СДСМ, милионски тендери со единствена цел, богатење на партијата и поединци од врхушката на власта.
Крадењето, додаваат од опозициската партија мора да запре.
„За новите бомби инситуциите мора да делуваат и да преземат мерки согласно законо“.
Македонија
Филипче – Костреш: продлабочување на соработката меѓу двете партии и во регионот
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска оствари средба со Бојан Костреш, претседател на Лигата на социјалдемократите од Војводина, Република Србија.
На состанокот се разговараше за продлабочување на односите и зајакнување на соработката меѓу двете партии, но и за проширување на регионалната соработка со социјал-демократските и прогресивните политички субјекти.
„Двете партии ја истакнаа заедничката посветеност на три клучни приоритети: интеграцијата на земјите во Европската унија, решителната борба против корупцијата и криминалот и заедничката борба против национализмот, како предуслов за стабилност и развој на целиот регион“.

