Македонија
Над 60 илјади фирми поднеле годишни извештаи до УЈП

Вкупно 60.087 даночни обврзници поднеле годишни извештаи за исплатени приходи во 2009 година, со што се исполнија и очекувањата на Управата за јавни приходи (УЈП).
Вкупно 60.087 даночни обврзници поднеле годишни извештаи за исплатени приходи во 2009 година, со што се исполнија и очекувањата на Управата за јавни приходи (УЈП).
Ова се наведува во денешното соопштение на УЈП, во кое се напоменува дека ова не се и конечните податоци, имајќи в предвид дека рокот за поднесување на пријавите истече на 15 февруари.
Поради големиот интерес од страна на јавноста, Управата информира дека досега и покрај информирањето и апелите на УЈП за навремено поднесување на извештаите, дополнителното ангажирање на капацитетите на УЈП, работа на даночните канцеларии за време на викендите со цел навремен прием на даночните пријави, вообичаена пракса беше голем број на даночни обврзници секогаш да доцнат со поднесувањето.
Поради бројноста на недисциплинираните даночни обврзници, а се со цел да се стекнат навики за исполнување на обврската, не се изрекуваа казни за задоцнето поднесување на обрасци.
Ова го потврдува и динамиката на поднесени годишни извештаи за 2008 година. Во изминатата година само 23.131 даночни обврзници го запазиле рокот, што е околу 50% од вкупниот број кои поднеле годишен извештај, односно 47 546
Управата, како што се наведува во соопштението, ќе инсистира на точно запазување на роковите и изрекување на казни не само за неподнесување, туку и за задоцнето поднесување на даночните пријави и извештаи. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Салиу-Хуменбергер: Интеграцијата на Ромите не е само национален приоритет, туку и европска вредност

Министерот без ресор задолжен за интеграција и имлементација на Стратегијата за инклузија на на Ромите 2022-2030, Шабан Салиу, оствари работна средба со заменик-амбасадорот на Австрија, Матијас Хуменбергер.
Во рамки на разговорот, соговорниците разменија мислења за унапредување на заедничката соработка и дефинираа можни конкретни чекори за реализација на иницијативи во областа на образованието и културата, со особен акцент на интеграцијата на Ромите.
„Интеграцијата на Ромите не е само национален приоритет, туку и европска вредност. Затоа е значајно што Австрија, како наш партнер, покажува интерес за поддршка на иницијативи во областа на образованието и културата, кои ќе им отворат повеќе можности на младите и ќе го зачуваат нашиот културен идентитет,“ истакна Салиу.
На средбата беше нагласена заедничката заложба за понатамошно продлабочување на партнерството и спроведување на активности кои ќе придонесат кон инклузивни политики и долгорочен развој на ромската заедницата.
Македонија
„Влен“: ДУИ партнер на Левица, за власт ги гази Албанците

„ДУИ падна толку ниско што повеќе не се крие зад сцената, туку отворено се појавува како политички партнер на најалбанофобната партија во земјата, ЛЕВИЦА на Димитар Апасиев. Кандидатурата на Јована Мојсовска во Струга е печат на срамниот договор што го смислија луѓето на Али Ахмети со ЛЕВИЦА, со единствена цел да ја спречат победата на Менди Ќура во првиот круг“, велат од „Влен“.
„Денес, исто како во „соба 161“ кога се откажаа од претседателот на парламентот само за да останат на власт, ДУИ избра да ги здружи силите со Левица за да ги спречи промените.
Овој договор меѓу ДУИ и Левица е јасен доказ дека се отуѓиле и се откажале од секоја потреба на стружани. За Ахмети и неговите емисари, власта е повредна од достоинството на Албанците, иднината на Струга или слободното гласање.
ДУИ избра да стане партнер на Левица. Но, граѓаните на Струга избраа да бидат партнери во промените. И на 19 октомври, оваа промена ќе се случи. Струга ќе стави крај на ерата на корупција и ќе отвори нов, чист и чесен почеток со Менди Ќира“, се додава во соопштението на „Влен“.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 11:00 часот, корисниците од селата: Рашче, Бојане, Копаница, Горно и Долно Свиларе, Радуша и Кондово (Општина Сарај ) и дел од нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од с. Таор. (Општина Зелениково)
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на дел од ул.Благоја Гојан и ул. Рилски конгрес.(општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Коле Неделковски, (од ул. Ленинова до Градинката). (Општина Центар)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од ул. Домазетовска во с. Драчево. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Осло. (Општина Карпош)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците во околината на објектот на ул. Козле бр. 149. (Општина Карпош)
· од 09:30 до 12:00 часот, корисниците од улиците: Речиште и Герника во с. Драчево. (Општина Кисела Вода)