Македонија
Две мечки настрадале во лавината кај Дебар
Вработените во „Македонија Пат“, кои деновиве, интензивно работат на расчистување на патниот правец Маврово-Дебар, биле изненадени, кога при ископувањето на лавините, затекнале две загинати мечки.
Вработените во „Македонија Пат“, кои деновиве, интензивно работат на расчистување на патниот правец Маврово-Дебар, биле изненадени, кога при ископувањето на лавините, затекнале две загинати мечки.
Ова за Макфакс го тврдат жителите на локалното село Јанче, според кои секоја мечка била тешка најмалку 300 килограми.Неколку поголеми одрони на земјиште во измината недела паднаа врз патниот правец Маврово-Дебар, поради што дојде и до целосен прекин на сообраќајот.
Според последните информации на АМСМ, дел од одроните на патниот правец Маврово-Дебар се расчистени и сега таму сообраќајот за
патничките возила е пуштен, но за товарните возила има забрана за движење на овој патен правец и во двете насоки.Екипите на „Македонија Пат“ и натаму интензивно работат на расчистување на овој патен правец /крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

