Македонија
Ќе се градат околу 4.300 станови за припадниците на АРМ
Припадниците на АРМ ќе имаат можност да купат станови под исклучително ниска цена. За оваа цел ќе се градат вкупно 4.300 станови во седум градови во Македонија.
Припадниците на АРМ ќе имаат можност да купат станови под исклучително ниска цена. За оваа цел ќе се градат вкупно 4.300 станови во седум градови во Македонија.
Ова е предвидено во рамките на проектот „АРМ мој вистински дом“ и за таа цел е спроведена анкета меѓу припадниците на АРМ за нивната заинтересираност околу овој проект.
„Овие станови очекуваме да бидат со исклучително ниска цена со можност за плаќање во наредните десет години и со само 30 отсто учество без обврска за камата, бидејќи каматата ќе биде субвенционирана од страна на Министерството за одбрана“ изјави Министерот за одбрана, Зоран Коњановски.
Во првата фаза од проектот е одредена локацијата на која ќе се градат становите и бројот на становите кои ќе се градат.
Повеќето од становите, кои се предвидени да се градат во Скопје, Тетово, Кичево, Куманово, Штип, Велес и Прилеп ќе се градат на местото на поранешните касарни, ќе бидат ослободени од плаќање на комуналии и ќе бидат со пониска цена од комерцијалните.
Изградбата на становите ќе започне по донесувањето на Законот за служба во АРМ и или во октомври или ноември. Припадниците на АРМ ќе можат да изберат дали ќе купат стан од 35, 55 или 70 метри квадратни. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

