Македонија
Современа спортска сала ќе се гради во Трубарево
Модерна спортска сала која што ќе биде опремена со најмодерна опрема најдоцна за пет месеци ќе никне во скопското село Трубарево
Модерна спортска сала која што ќе биде опремена со најмодерна опрема најдоцна за пет месеци ќе никне во скопското село Трубарево
За таа цел денеска во ОУ „Крум Тошев“ се постави камен темелник на местото каде што треба да биде изградена спортската сала.
Изградбата на оваа сала е во склоп на проектот на владата за изградба на 145 спортски сали во земјава, и ќе чини 2 милиони денари, со вкупна површина од 650 метри квадратни.
„Оваа сала ќе биде изградена со буџетски средства и во неа ќе има најмодерна опрема, а ќе биде погодна за повеќе спортски активности. Спортска сала во ОУ Крум Тошев“ ќе биде изградена најдоцна до септември оваа година“, изјави министерот за образование Никола Тодоров
На свечената манифестација присуствуваше и премиерот Никола Груевски, поглаварот на МПЦ г-дин г-дин Стефан, градоначалниците на Скопје и Гази Баба како и уште многу други гости.
Досега од проектот на владата за изградба на 145 спортски сали, се започнати само 16 од кои 14 се во завршна фаза, истакна министерот за образование Тодоров./крај/рќ/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

