Македонија
Стојанов: Партиите да престанат да си играат со судбината на стечајците
Политичките партии да не манипулираат со стечајците од Куманово, повика денеска поранешниот лидер на стечајците Стојан Стојанов.
Политичките партии да не манипулираат со стечајците од Куманово, повика денеска поранешниот лидер на стечајците Стојан Стојанов.
Тој оваа изјава ја даде испровоциран од денешната посета на претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски на стечајците во Куманово.
За него несватливо е како може Црвенковски да оди во посета на стечајците, кога за време на неговото владеење не го потпиша законот со коj можеше да стави крај на долгогодишната агонија на стечајците.
„Јас би им препорачал на стечајците да ги бараат своите права кај стварните луѓе во собранието и владата. Им препорачувам на сите да се свртат во решавање на овој проблем кон институциите на системот, без притоа да бараат помош од политичките партии. Многу сум револтиран и не можам да сватам како може еден човек денеска да ги посетува, кога еднаш ги лажеше а сега да им ветува дека ќе им го реши проблемот“, изјави Стојанов./крај/рќ/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

