Македонија
НДМ: Џамијата на влезот од Скопје е дивоградба

Џамијата на влезот на Скопје на автопатот кон Тетово е дивоградба и надлежните органи треба да покренат иницијатива за нејзино рушење.
Џамијата на влезот на Скопје на автопатот кон Тетово е дивоградба и надлежните органи треба да покренат иницијатива за нејзино рушење.
Со ваков став денеска излезе Јанко Бачев од партијата Народно движење за Македонија и потсети дека станува збор за извршно правосилно решение кое стои заклучено во градежниот инспекторат.
Според Бачев, документот датира од 1997 година и надлежните органи и после 12 години не презеле ништо за рушење на оваа дивоградба.
Тој ги повика владејачката ВМРО ДПМНЕ да се потсетат на својата програма во која се вели дека уреден животен простор по европски стандарди е изворна потреба и цел на секој граѓанин.
Во овој случај Бачев рече дека една дивоградба неможе да биде усогласена со европски стандарди.
Лидерот на народно движење за Македонија го обвини градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ дека на последната седница на советот на општината експресно вметнал маркица за изградба на Бурмали џамија на плоштадот Македонија.
Екс разузнавачот ги повика и албанските невладини организации да се заложат за владеење на правото и да не се спротивставуваат на рушењето на џамијата на влезот од Скопје./крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)