Македонија
Спаска Митрова: Во секој момент може да ме приведат
Бугарската државјанка Спаска Митрова во интервју за бугарската агенција Фокус, обвини дека повторно добила закани од непознати лица кои дошле во куќата на нејзините родители во
Бугарската државјанка Спаска Митрова во интервју за бугарската агенција Фокус, обвини дека повторно добила закани од непознати лица кои дошле во куќата на нејзините родители во Гевгелија.
„Бев во куќата на моите родители кога дојдоа неколку непознати лица и ме побараа. Кога излегов ми рекоа да заминам во Бугарија бидејќи немам што да барам тука. Ако не заминам ми се заканија дека ќе ми се случи нешто слично како на 28 јули“, изјави Митрова во интервју за софиската агенција.
„За мене тоа е доказ дека процесот е политички. Луѓето што ме заплашуваа се од Гевгелија, дојдоа со полициско возило и притоа не ми покажаа никаков документ. Кога се движам во другите градови во Македонија истите луѓе ме следат“, изјави Митрова и додаде дека стравува за својата безбедност, бидејќи за в среда е закажано следното рочиште од процесот против неа.
Митрова обвини дека слични закани до неа стигнале и во петок.
„Сигурна сум дека има и луѓе кои ме поддржуваат, но тие се кријат и се плашат. Факт е дека ми се закануваат по животот и секој момент можат да ме приведат“, завршува Митрова во интервјуто за бугарски Фокус./крај/фо/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Роберт Шоповски го фати богојавленскиот крст во Елшани
Жителите на Елшани и годинава традиционално во раните утрински часови го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Во 5 часот започна утринската богослужба во селото, на која присуствуваа повеќе стотини жители. По осветувањето на леб и вода, на сред село, во изворските води беше извршен чинот на фрлање на светиот крст.
Среќниот фаќач на богојавленскиот крст годинава беше Роберт Шоповски.
Како спомен на настанот, Шоповски доби пригодни подароци од страна на месната заедница и црквата „Свети пророк Илија“.
Одбележувањето на Богојавление во Елшани продолжи со народен собир и оро на сред село, каде старите и новите кумови послужуваа топла ракија и бонбони. Празнувањата продолжија и во текот на денот со традиционални светојонски трпези кај старите кумови, проследени со песна и игра.
Македонија
Пивтијада на плоштадот во Автокоманда
Денес 19.01.2026 година (понеделник) со почеток во 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда ќе се оддржи традиционалната манифестација Пивтијада која општина Гази Баба ја организира 16. година по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
Оваа манифестација во себе соддржи музички, хуманитарен и натпреварувачки карактер. Преку купување на пивтии граѓаните ќе донираат за Клиниката за детски болести, а преку декоративно украсени пивтии ќе имаат можност да се натпреваруваат за награда.
Македонија
Министерот Минчев со честитка за христијанскиот празник Богојавление – Водици
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, испрати честитка по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
„Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Нека овој празник донесе мир, здравје и благосостојба во Вашите домови и биде поттик за заедништво, солидарност и меѓусебно почитување.
Во духот на празникот, со заедничка посветеност, да продолжиме да придонесуваме кон унапредување на јавната администрација, во интерес на сите граѓани“, пишува во честитката.

