Македонија
Преговарачот Нимиц денеска во Скопје
Преговарачот за името во спорот меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц денеска пристигнува во Македонија. Нимиц, по средбата во Скопје, на 26 февруари заминува во Атина.
Преговарачот за името во спорот меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц денеска пристигнува во Македонија. Нимиц, по средбата во Скопје, на 26 февруари заминува во Атина. Засега нема информации дали медијаторот по пауза од седум месеци доаѓа во Македонија и во Грција со нови предлози или останува на „сетот идеи“ предложени во октомври 2008 година. Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски вчера вечер, по средбата на државниот врв во Вила Водно изјави дека средбата на македонските власти и Нимиц ќе биде од консултативна природа. .„Имавме еден исцрпен извештај на амбасадорот Зоран Јолевски за процесот во кој и самиот тој е директно вклучен за претстојните средби на кој г-динот Нимиц ќе биде гостин. Договоривме заеднички настап кој би се движел во рамките на конструктивно и проактивно дејствување за време на овие средби и со максимална сериозност и посветеност, а се со цел да можеме во периодот пред нас да го дадеме нашиот придонес за постигнување на едно решение, или во најмала рака за напредок по однос на решението за спорот наметнат од Република Грција“, изјави шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски.Нимиц последен пат ги посети Скопје и Атина во јули мината година , по што привремено ги замрзна разговорите поради изборите во Грција./крај/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поскапи цени и поголеми трошоци за живот – дебакл и на новогодишната кошничка, вели СДСМ
„И новогодишната кошничка се покажа целосно промашена. Политиката на власта со кошнички доживеа тотален дебакл. Наместо да се намалат цените се зголемија, затоа што власта им остави време и простор на големите трговци да ги покачат цените на производите пред да стапи мерката во сила“, соопшти СДСМ.
„Зејтинот, јајцата, шеќерот, млечните производи, грашокот, гравот и леќата, се е поскапено, а тоа граѓаните го чувствуваат секој ден и го гледаат во продавниците и маркетите.
И официјалните податоци на Државниот завод за статистика потврдуваат дека кошничките се промашување.
Трошоците за живот во декември 2024 година се зголемени за 4,4%, а цените на основните производи пораснале за 4,3%.
Се зголеми и инфлацијата, во декември 2024 година е за 4,4 проценти повисока.
Големите трговци се збогатија, а десетици милиони евра се извлечени од џебовите на граѓаните со амин на оваа влада.
Наместо погрешни и промашени политики со кошнички власта треба да ги профати предлозите на СДСМ за укинување на ДДВ на храната и за зголемување на платите.
Само така може реално да се намалат цените и да се подобри животниот стандард на граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Дрин Ахмети во Ролс Ројс, Мијалков во Ферари, граѓаните во сиромаштија – ова беше режимот на ДУИ, велат од ВЛЕН
„Делиме исто место, но не и иста судбина. Од ова место минатата недела ги видовте застрашувачките и шокантни сцени како екс директорот на ДБК и осудениот Сашо Мијалков беше виден во Монако пред луксузен ресторан со црвено „ферари“ вредно околу 700 илјади долари. Што значи тоа, дека осудените живееле луксузен живот додека многу невини Албанци страдаат во затворите“, велат од ВЛЕН.
„Слободата на Сашо Мијалков не го донесе дедомраз, туку Артан Груби, со дозвола на дедотоод Зајаз. Така, Али Ахмети со неговата машаГруби направија се за Мијалков да ужива во слободата.
Како што криминалот и корупцијата не познаваат етничка припадност, така и луксузот нема етнички граници. Сега ако Сашо Мијалков води луксузен живот во странство во македонскиот табор. Во албанскиот камп внатре и надвор од земјава луксузен живот води внукот на “силниот“ чичко, Дрин Ахмети.
Дрин Ахмети не му се допаѓа Ферари бидејќи е виден со бел Ролс Ројс со регистарски таблички на Кичево, автомобил вреден околу 400 илјади долари. Значи, станува збор за внукот на Али Ахмети, “супер интелигентниот“ млад човек за кој Обвинителството побара помош и од САД за неговите сомнителни финансиски трансакции.
Можете да замислите, живееме во земја во која политичарите и нивните семејства промовираат луксузен живот, додека граѓаните пресметуваат како да се справат со своите трошоци до крајот на месецот. Ова е омаловажување, злоупотреба, измама на граѓаните додека моќта стекната со својот глас ја претворат во извор на богатење на нивните семејства.
Но, за среќа, оваа ера заврши со промена на власта. Нема повеќе политичари кои можат да се збогатат преку ноќ. Нема повеќе среќни внуци како Дрин Ахмети. Нема повеќе чичковци како Али Ахмети кои им овозможуваат на своите внуци да поседуваат трговски центри и да возат автомобили од 400.000 долари.
Затоа, Али Ахмети, мотивот на неговиот внук, денеска е осуден од граѓаните со право на глас, бојкотиран од македонските партии и демаскиранод меѓународниот фактор.
ВЛЕН е надежта на граѓаните Албанци, злото заврши. Срушена е кулата на ДУИ, се отвора нова перспектива за живеење“, соопштија од ВЛЕН.
Македонија
СДС се обидува да го штити Груби, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС и Филипче месец дена се препелкаат во сопствените лаги за криминалот на Груби и ДУИ во нивен мандат. СДС месец дена не се извинува и се обидува да го штити Груби. СДС и Филипче ги манипулираат граѓаните и дефокусираат, иако целата јавност знае дека тие се оние кои му овозможија на Груби да го спроведува својот криминален поход врз државните ресурси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС, не само што знаеја за криминалот на Груби, туку свесно го толерираа водејќи се од единствениот нивни приоритет, а тоа е останување на власт. Обидот на СДС со декларативни изјави и формално оградување од ДУИ се неубедливи и провидни, бидејќи народот знае дека зад секоја криминална активност на Груби стоела премолчана поддршка од СДС“, велат од партијата и додаваат:
„СДС се наоѓа на крстопат и ако сакаат да покажат капацитет за внатрешни реформи, неопходно е јавно да се извинат за криминалот на Груби, во спротивно ќе докажат само дека се уште го штитат“.