Македонија
СДСМ првата недела митингува во Прилеп, Скопје, Демир Хисар, Виница и Велес

Караванот на СДСМ и Коалицијата предизборната кампања ја почнува во понеделник од Прилеп каде што во 19 часот ќе се одржи централниот митинг.
Претходно, во 17 часот ќе се одржи минитнг на Крушево.
Во вторник централниот караван е во Скопје при што ќе бидат посетени населбите Драчево и Кисела Вода, а предвиден е минтинг во општината Аеродром во 19 часот пред платото на Т.Ц. Бисер ќе се одржи митинг.
Во среда ќе се одржи митинг во Демир Хисар и централен митинг во Кичево. Во четврток ќе се одржи митинг во Гостивар и централен митинг во Тетово.
Во петок, СДСМ и коалицијата ќе одржат митинг во Виница и централен митинг во Кочани. Во сабота ќе се одржи митинг во Ѓорче Петров и централен митинг во Карпош.
Првата недела завршува со средби и централен минитнг во Велес со почеток во 19 часот, а претходно во 17.30 часот СДСМ и коалицијата ќе одржи митинг во Свети Николе./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Зоран Димитровски: Не размислуваме ниту поддржуваме идеи за отворање кампови за враќање на одбиени баратели на азил

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, вчера и денес (21-22 октомври 2025) учествува на годишната Конференција за миграции во Виена (Vienna Migration Conference) во организација на Меѓународниот центар за развој на миграциските политики – ИЦМПД.
На десетата Виенска конференција за миграции присуствуваат повеќе од 250 носители на одлуки, владини претставници, експерти од областа на миграцијата, меѓународни организации, академската заедница и цивилното општеството кои прават напори за поврзување на миграциските текови со најсоодветните стратешки политики и решенија.
Во рамките на конференцијата „Западен Балкан: Регионални перспективи за миграцијата и партнерствата“, заменик министерот, Димитровски, учествуваше во разговор еден на еден со генералниот директор на ИЦМПД, Михаел Шпенделегер, посветен на предизвиците и можностите што ги носи променливата миграциска слика во регионот.
За време на разговорот, беше нагласено дека Западен Балкан се наоѓа на уникатна пресвртница во управувањето со миграциите како регион кој истовремено е место на потекло, транзит и сè повеќе на дестинација за мигрантите. Овој динамичен контекст отвора нови предизвици, но и можности за економски развој, особено во услови на зголемена побарувачка за работна сила и недостиг на работници во клучни сектори.
Заменик министерот, Димитровски посочи дека нашата земја активно се прилагодува на новата реалност преку развивање политики за управување со легалната миграција, кои одговараат на демографските и економските потреби на земјата. Притоа, беше истакната и важноста од градење партнерства со земјите на потекло за развој на одржливи модели на работна мобилност, подобрување на системите за враќање и намалување на нерегуларната миграција.
Во разговорот беше подвлечено дека овие процеси се во согласност со европските иницијативи како што се Пактот за миграција и азил како и Акцискиот план на ЕУ за Западен Балкан, кои го потенцираат значењето на соработката со земјите на потекло во делот на мобилноста, развојот на вештини и управувањето со враќањето на мигрантите.
Беше нагласено дека Северна Македонија, како и земјите од Западен Балкан, е дел од Европа и нејзините политики, а не простор надвор од нејзините граници. Во таа насока, нашата држава ниту размислува ниту поддржува идеи за отворање кампови за враќање на одбиени баратели на азил.
На маргините на Конференцијата, заменик министерот, Зоран Димитровски, оствари повеќе средби и разговори со истакнати владини претставници и министри кои учествуваат на конференцијата.
Македонија
Mицкоски се сретна со кралот Чарлс: „Беше искрено и содржајно“

Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека во рамките на неговиот престој во Лондон остварил средба со Неговото Кралско Величество, Кралот Чарлс III.
„Средбата беше искрена и содржајна. Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои Кралот со години им посветува големо внимание“, информира Мицкоски.
Како што додаде, оваа средба е признание и почит, но и поттик да се продолжи по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството.
Во рамките на Берлинскиот процес што го организира премиерот Кир Стармер, Мицкоски остварува повеќе средби насочени кон економска и инфраструктурна стратешка соработка со Обединетото кралство.
Македонија
Полицијата претресува на повеќе локации во Скопје поради лихварство и перење пари

Под раководство на предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), полициски единици на МВР извршуваат претреси на повеќе локации во Скопје.
Според информациите, се работи за лица осомничени за кривични дела лихварство и перење пари.
Од Обвинителството најавуваат дека повеќе детали ќе бидат соопштени по завршувањето на акцијата.