Македонија
Aнгелевска до Мицкоски: Кога може да очекуваме реформи во правосудството, иако изгласавме интерпелации за судии тие продолжија да си работат
„Првото прашање се однесува на минималната плата и она што некои од синдикатите го бараат, односно минимална плата од 500 евра и изјавуваат дека не се задоволни со сегашното покачување на минималната плата. За јавноста концептот на минимална плата е донесен во 2012 година, а во 2022 година е донесен посебен Закон за минимална плата, со кој што се утврдува еднаш во годината во месец март, да се пресметува минималната плата во висина од 50% од просечната исплатена плата и 50% од трошоците за живот од минатата година и според еден член од законот не смее да биде помала од 57% од просечната плата. Согласно последното законско усогласување во март, минималната нето плата во Република Македонија изнесува 24.379 денари, 36.037 денари бруто. Покачувањето е негде за 1.812 денари. Од една страна, некои од синдикатите го имаат тоа барање, од друга страна според Организацијата на работодавачи, минималната плата треба да се покачува со пораст на продуктивноста, потреба за поголем обем на рбаота, вложување во инвестиции, поголем извоз итн. Моето конкретно прашање на оваа тема ќе биде, кој е вашиот став во однос на барањето на синдикатот за зголемување на минималната плата“, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Ангелевска на денешната собрнаиска седница за пратенички прашања.
Ангелевска постави дополнително уште две пратенички прашања кои се однесуваа до претседателот на Влада. Второто прашање се однесуваше на потрошувачката кошница, односно како економските мерки кои што ги спроведе Владата за замрзнување на цените, влијаеле на трошоците за храна. Трето прашање кое го постави Ангелевска е поврзано со правосудниот систем и како претседателот на Влада ја коментира работата на Судскиот совет.
„Третото прашање е од правосудниот систем. Тоа е казната која што беше изречена за младата Теодора и пресудата која што ја изрече Основиот суд во Тетово од две години затвор, вие премиере јавно реагиравте на таквата одлука на Основниот суд во Тетово. Фамозниот Судски совет излезе со изјава дека на некој начин ја оправдува таа пресуда од две години од Основниот суд. Моето прашање е во врска со Судскиот совет. Низа на скандали, доверба на народот од 2% во судско-обвинителскиот систем. Почнувајќи од една изјава на една членка, која што се уште е член на Судскиот совет, која изјави дека си дава оставка како претседателка на Судски совет, заради притисок од бизнис политички елити. Понатаму, имавме избор на претседателка која де факто е советник, нејзино разрешување, низа на скандали. Ова Собрание, телото кое предлага пет од членовите во Судскиот совет изгласа недоверба, имавме интерпелации поединечно за членовите на Судски совет, меѓутоа тие не сметаа дека е морално да си поднесат оставки, и еве до ден денес си седат и донесуваат одлуки, вакви какви што донесуваат. Вие споменавте во медиумите дека најитни реформи се реформите во судството, без тоа другите реформи се бесмислени. Моето конкретно прашање е како вие ја коментирате работата на Судскиот совет и дали малата казна за Теодора ја сметате како една од причините за итно раззрешување на членовите на Судски совет“, праша Ангелевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Агресивен карцином кај 10 годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со е бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.
Македонија
Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар за состојбата со Иран
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.
– Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето. Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет, се наведува во соопштението.
Македонија
Почина хирургот и професор Владо Јаневски
По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари и хирурзи, кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во приватните здравствени установи.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот, во капелата во Бутел.

