Македонија
Ад хок комисијата покрена прекршочни постапки против седум телевизии
Привремената комисија за следење на медиумското претставување донесе одлуки за поведување прекршочни постапки против телевизиите „Алсат“, „Канал 5“, „Нова“, „Сител“, „Телма“, „Шења“ и „24 Вести“.
Постапките ќе се водат за прекршување на членот 75 од Изборниот законик, кој ја регулира балансираноста во известувањето и во одвоеното време за одредени партии во текот на кампањата. Ова беше деветтиот и претпоследен круг на набљудување на известувањето на медиумите од страна на Комисијата, која беше формирана во рамките на Агенцијата за медиуми да ги разгледува уредувачките одлуки на медиумите.
Комисијата вчера и денеска гласаше за поведување прекршочни постапки и против повеќе телевизии и радија кои се однесуваат на времетраењето и просторот во кој се пласирани платени политички реклами, необележување на рекламите и пропусти при информирањето за анкетите на јавното мислење./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

