Македонија
Ахмети сведочи во Специјалното обвинителство
Лидерот на владејачката Демократска унија за интеграции, Али Ахмети е во Специјалното јавно обвинителство каде е повикан да сведочи за случајот „Космос“.
По доаѓањето на Ахмети во Обвинителството стигнала и Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Од Специјалното обвинителство не потврдуваат дека Ахмети ќе сведочи за случајот „Космос“, оваа информација ја потврди шефот на кабинетот на Ахмети, Артан Груби.Тој бил повикан во својство на сведок за предистражна постапка која се води пред Специјалното обвинителство, но од Обвинителството не соопштуваат други детали, за кој случај е повикан Ахмети со оглед на тајноста на предистражната постапка.„Претседателот Али Ахмети и Демократската унија за интеграција (ДУИ)се силни поддржувачи на законската, транспарентна и непристрасна работа без етнички, верски, партиски или политички предрасуди на Специјалното обвинителство, објави на својот Facebook профил, Груби.Случајот „Космос“ беше поврзан со рушењето на станбениот објект на бизнисменот Фиат Цаноски за кого имаше сомневања дека е политичка пресметка на власта со него.Гласот на Ахмети можеше да се слушне во повеќе разговори што ги објави опозицијата, за повеќе случаи./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

