Македонија
Апелација им ги намали казните на сите обвинети во „Шпион“
Апелациониот суд, во четврток, делумно ги уважил жалбите на обвинетите во предметот „Шпион“ и ја преиначил првостепената пресуда на Кривичниот суд во однос на висината на казните.
Според одлуката на Апелациониот суд, на првообвинетиот, Марјан Ефремов, му се преиначува казната затвор од 15 години и му се определува единствена казна затвор во траење од 10 и пол години.На поранешниот полициски генерал Горан Стојков, кој беше осуден на казна затвор во траење од 9 години, според одлуката на Апелација, казната му е намалена на 3 години и три месеца.Обвинетиот Марјан Маџовски, наместо на затворската казна од една ипол година, од Апелациониот суд е осуден на условна казна затвор од една година, која нема да се изврши ако обвинетиот во рок од три години не стори ново кривично дело.Поранешниот шеф на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам, Ване Цветанов според одлуката на Апелациониот суд е осуден на условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако обвинетиот во рок од пет години не стори ново кривично дело.И на останатите осудени, казните им се намалени со одлуката на Апелациониот суд.Во утврдените казни се засметува и времето кое обвинетите го минале во притвор или куќен притвор.Освен намалувањето на казните, како што наведуваат од Кривичниот суд, Апелациониот суд ја потврдил пресудата за „Шпион“ во другите делови, додека за обвинетиот Ѓеорги Хаџи Мицев постапката се враќа на повторно судење.Специјалното јавно обвинителство на јавната седница во септември, кога за прв пат го застапуваше обвинението, побара намалување на казните, но ги отфрли жалбите на одбраната за другите делови од пресудата. Одбраната пак бараше укинување на пресудата на првостепениот суд и ново судење./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк
Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Уривањето на дискотеките и расчистувањето на просторот веќе е започнато, а нема најава кога ќе почне изградбата на новиот Луна Парк.
Ѓорѓиевски објави видео на кое, како што вели, се отстрануваат старите бесправно изградени дискотеки, со што локацијата се подготвува за реализација на проектот – изградба на Луна паркот во Скопје.
„Ред мора да има! Се расчистува просторот за изградба на луна паркот. Старите бесправно изградени дискотеки во Градскиот парк заминуваат во историјата. Како што ветив, најдоброто за Скопје“, напиша тој.
Македонија
АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира физичките и правните лица дека согласно член 62 став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, кој е во сила од 01.01.2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување на инспекциски надзор за прашања од делокруг на работењето на институцијата.
Постапувањето по иницијативите кои се уредно поднесени ќе се реализира согласно Процедурата за постапување по иницијативи за инспекциски надзор на АХВ.
Иницијативата може да се поднесе директно до АХВ преку контакт формата Поднесете претставка објавена на интернет страната на Агенцијата, електронски на [email protected], [email protected], како и лично во секоја подрачна единица на АХВ, на соодветен образец за поднесување иницијативи.
„Иницијативата задолжително треба да содржи назив на инспекцијата до која се поднесува, име, презиме и адреса на подносителот, односно, назив и седиште на правното лице, законски застапник или полномошник доколку го има, краток опис на повредата и назначување на субјектот кај кој се бара вршење на инспекциски надзор.
Доколку поднесената иницијатива е нецелосна или нејасна, таа ќе се врати до подносителот кој треба да ја прецизира/дополни во рок кој не подолг од 7 дена. Доколку подносителот не ја дополни иницијативата во определениот рок ќе се смета дека истата е повлечена“, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

