Македонија
Аргировски: Пензионерите во Македонија живеат многу подобро од минатите години

Пензионерите во Македонија живеат многу подобро во споредба со минатото, изјави за локалната дебарска телевизија Канал 3, претседателот на Сојузот на пензионерите на Македонија Драги Аргировски.
„Последните години во континуитет се зголемуваше нивната пензија, а преку владините проекти лицата од третото доба добија бројни бесплатни поволности, како што се рехабилитацијата во бањските локалитети и бесплатни викенди. Во споредба со соседните земји, во Македонија има стабилни пензии и тие растат постојано, рече Аргировски.
Тој додаде дека Сојузот во соработката со Владата ќе продолжи во наредниот период да изнаоѓа други форми на поддршка на пензионерите во Македонија . Аргировски изрази задоволство и околу владината поддршка за зголемување на списокот на лековите кои се издаваат на рецепт. /крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
За Марибор тргна и вториот авион, кој носи уште двајца пациенти од пожарот во Кочани

Денеска беа пренесени уште двајца повредени од трагедијата во Кочани на лекување во Марибор, соопшти Амбасадата на Словенија.
„Со тоа Словенија ја исполнува својата заложба за помош и солидарност со погодените.
Северна Македонија побара помош преку механизмот на Унијата за цивилна заштита“, е објавено од страна на Амбасадата на Словенија.
Македонија
Во близина на дискотеката во Кочани имало склад за нафта

Склад за гориво имало во близина на дискотеката „Пулс“ каде што во пожар загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.
Оваа информација денеска ја потврдија и од Обвинителството.
„При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат“, информираа од Обвинителството.
Од таму соопштија и дека до овој момент Основното јавно обвинителство Кочани предложи определување мерка краткотраен притвор за 16 лица. Предлозите се прифатени и мерката е определена за сите 16.
Македонија
Краткотраен притвор за 16 лица во случајот со пожарот во Кочани, соопшти Обвинителството

До овој момент Основното јавно обвинителство Кочани предложи определување мерка краткотраен притвор за 16 лица.
Предлозите се прифатени и мерката е определена за сите 16 лица, соопшти Обвинителството.
Во моментов како што појаснуваат, тоа се лица за кои постојат сомненија дека со своето постапување или непостапување придонеле за трагедијата.
Од таму потврдуваат и дека при увидот било констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот.
Сите други околности се испитуваат, нагласија надлежните.