Македонија
Археолозите реагираат на пресудата за „Музеј“, бараат да се најдат вистинските сторители
Македонското археолошко научно друштво, единствената асоцијација на професионални археолози во Македонија, најостро го изразува својот револт на пресудата за случајот „Музеј“ со којашто вработени во Музејот на Македонија и еден златар беа осуден на затворски казни од една до 8 години и осум месеци за исчезнување на артефакти во Музејот.
„Институциите инволвирани во овој судски процес, нам и на јавноста ни должат транспарентно објаснување како и зошто се случи да бидат обвинети вработени во Музејот на Македонија, имајќи го предвид ноторниот факт дека исчезнатите вредни предмети не се пронајдени ниту пак се откриени сторителите на кражбата. Дигнитетот на нашата професија во изминативе неколку години, вклучувајќи го и овој последен чин на јавно понижување, за жал е урнисан токму пред портите на институциите коишто ја чуваат и ја штитат слободата на мислата и човечката правда и правото“ се вели во реакција на Археолошкото друштво.
Тие сметаат дека нивните колеги се осудени на драконски казни иако стручно и чесно си ја вршеле работата.
„Лицата осудени со драконски казни, какви што не и се познати на историјата на македонското право, стручно и чесно ги открија на археолошките терени сега исчезнатите артефакти, истите ги документираа, јавно ги презентираа на археолошки изложби и ги популаризираа во печатените и електронските медиуми“ додаваат во реакцијата.
Тие бараа од инстируциите да ги отркија вистинските сторители на овој според нив, срамен чин којшто и наштети на државата, на Министерството за култура, на музејските установи, но најмногу на македонската археологија.
„Исто така бараме надлежните судски инстанци односно повисоките судови, како и досега, да продолжат да работат согласно словото на законот во корист на правдата и вистината“ се вели во реакцијата./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

