Македонија
АРМ побогата за 25 потпоручници, нова класа од 29 питомци на Воената академија
На денешната свеченост во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, промовирани во потпоручници беа 35 питомци, од кои 25 во редовите на Армијата на Република Македонија, по три за вооружените сили на Црна Гора и Босна и Херцеговина, и четири за Косово.
Свечена заклетва, пак, додоа 29 питомци, од 20. класа на Воената академија, која повторно ја задржа својата регионална димензија – 20 од нив се запотребите на Армијата на Република Македонија, четворица за Босна и Херцеговина, тројца за Црна Гора и двајца за Косово.
Министерот за одбрана Зоран Јолевски, во своето обраќање посочи дека високото образование на секој млад човек претставува незаборавен период посветен на стекнување знаења и вештини, но и стекнување на долготрајни пријателства. „На Воената академија имате неповторлива можност да учите од најдобрите професори и инструктори, да се стекнете со најсовремените знаења и вештини и да се оспособите за критичко размислување“, додаде министерот. Тој рече дека стекнатите лидерски способности се потребни на земјите од кои доаѓаат питомците, кои седејќи заедно во исти клупи придонесуваат и кон зајакнување на соработката и мирот во регионот.
Јолевски посочи дека военото образование е приоритет за Министерството и Армијата и во тој контекст спомена дека веќе започна да се применува размената на студенти со воените универзитети на земјите членки на НАТО. „Минатата година ја имавме првата група на двајца студенти кои што поминаа еден семестар на универзитетот ’Норвич’, а оваа година добивме понуда за пет студенти да поминат еден семестар на Западниот универзитет во Ново Мексико, САД“,информираше министерот.
Деканот на Воената академија, полковникот Орце Поповски наброја дел од успесите на Академијата во изминатата година, меѓу кои и фактот дека за прв пат функционирале трите циклуси на студии, како и дека со поддршка на Министерството и Генералштабот на АРМ успешно бил реализиран седмиот меѓународен „Летен кампус“ со учество на над 200 питомци и студенти од рекорден број држави досега.
Претставниците од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово се заблагодарија за можноста нивни питомци да се школуваат на Воената академија и посочија дека со тоа се потврдува реномето на академијата како врвна високообразовна институција во регионални рамки, чии студии се базираат исклучиво на квалитет, знаење и дисциплина./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и кој и колку профитирал, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДС во последниот скандал со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и кланот Заеви, Македонија ја претворија во Балкански „нарко-центар“, каде наместо медицинска се произведувала марихуана за црниот пазар. Запленетите 40 тони марихуана, директно водат до фирми блиски до Заев и Филипче.
Венко Филипче е без кредибилитет. Нема афера и скандал, а тој и Заев да не се вплеткани. Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција, импровизации, нетранспарентни одлуки и контроверзи. Филипче е човекот кој го уништи здравствениот систем во државата“.
Македонија во време на владеењето на СДС, додаваат од владејачката партија, Зоран Заев и Венко Филипче, наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански нарко центар за шверц на марихуана на црниот пазар.
Според нив, факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 година, додека Филипче беше министер за здравство.
„Владата на СДС делела лиценци на фирми поврзани со Зоран и Вице Заев, а резултат на тоа, денес се тони дрога и сериозни безбедносни последици за државата.
Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе на Заев.
Медицинската марухуана била параван за организиран криминал во огромни размери“.
Прашуваат, зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија?
„Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале?
Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?
Одговорност мора да има“.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сали-Варнс: нагласена посветеноста на Владата кон спроведување реформи во јавната администрација и во судскиот систем
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со Вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс.
На средбата беше истакната важноста на стратешкото партнерство меѓу земјата и Соединетите Американски Држави, како и континуираната американска поддршка за демократските и развојните процеси.
Соговорниците разговараа за клучната улога на регионалната стабилност како предуслов за мир и одржлив развој.
Сали ја нагласи посветеноста на Владата кон спроведување реформи во јавната администрација и во судскиот систем, оценувајќи ги овие чекори како суштински за зајакнување на владеењето на правото, зголемување на транспарентноста и подобрување на услугите за граѓаните.
Двете страни ја реафирмираа подготвеноста за понатамошно продлабочување на билатералната соработка.

